Прва конференција за туризам меѓу Македонија и Украина. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) и амбасадата на Украина во Република Северна Македонија ја организираа првата конференција за туризам. Целта е  да се воспостави соработка и запознавање на туристичкиот потенцијал меѓу двете земји.

Прва конференција за туризам меѓу Македонија и Украина

Потпишан Меморандум за соработка

На конференцијата беше потпишан Меморандум за соработка меѓу АППТ и Националната туристичка организација на Украина.

Како што соопштија од АППТ, трите услови за соработка се исполнети – слободен виза режим, директен лет и желба за зголемување на соработката.

-Економската и социјалната димензија на туризмот е веќе позната со оглед дека земјава беше рангирана на трето место меѓу земјите од Балканот со коишто Украина има соработка. Исто така и посетата на 20 тур-оператори од Украина и почнувањето на директна линија Киев-Скопје, е повеќе од причина за зајакнување на соработката помеѓу овие две земји,се наведува  во соопшѓтението од АППТ.

На конференцјата учествуваа 30-тина тур-оператори од Украина и 30-тина домашни тур-оператори. Се обратија Дмитро Сеник, заменик-министер за надворешни работи на Украина, Наталиа Задорожниук, амбасадор на Украина во земјава, Љупчо Јаневски, директор на АППТ, Иван Липтуга, претседател на Националната туристичка организација на Украина и Мариа Јукхноветс, претседател на Асоцијацијата за дојдовен туризам на Украина. Се споделија статистики и анализи за состојбата во туризмот за време КОВИД, се информираа двете страни за туристичкиот потенцијал кој го имаат и за можностите за соработка.

 Зелено закрепнување на туризмот

-Оваа прва конференција за туризам значи нов, силен импулс за соработка помеѓу двете земји. Украинските туристи кои имаат интерес за посета на руралните делови на земјава, културното наследство како и етно туризмот, планираат туристички аранжмани во земјава од пет до седум дена, информира АППТ.

Според директорот Јаневски, закрепнувањето на туризмот треба да биде во форма која ќе овозможи самоодржливост.

-Начинот на патување и интересот за туризам ќе се промени и ќе значи помали групи кои ќе имаат интерес за патување во руралните и еко предели на земјата. Закрепнувањето треба да е зелено, вели Јаневски. Според украинските претставници, Македонија ако е една од последните неоткриени туристички потенцијали, тогаш Украина е веднаш зад неа, затоа оваа прва конференција за туризам е од огромно значење на зголемување на туристичкиот промет помеѓу овие две земји.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.