Првиот „урбан аеродром“за летечки автомобили во светот ќе никне во Англија. Овој аеродром се гради во град Ковентри во Англија и ќе биде готов до ноември годинава. Проектот доби грант од британската влада вреден 1,65 милион долари. Новата конструкција на иднината на воздухопловството се нарекува „Urban-Air Port“. Целта на овој проект е развој на инфраструктурата за следната генерација на електрични и автономни летачки возила.

Првиот „урбан аеродром“за летечки автомобили во светот ќе никне во Англија

Изградбата е во организација на британскиот стартап „Urban-Air Port“ кој се здружи со автомобилскиот гигант „ Hyundai “ за да го конструира овој футуристички аеродром за летечки автомобили.

Нова инфраструктура со нула емисии

Со новиот проект ќе се развие инфраструктура со нула емисии, која ќе биде домаќин на следната генерација  електрични и автономни летачки возила.

– На автомобилите им се потребни патишта. На возовите им се потребни пруги. На авионите им се потребни аеродроми. На електричните летала што полетуваат и слетуваат вертикално ќе им бидат потребни „Урбан Ер Порт“. Пред повеќе од сто години полета првиот комерцијален лет во светот, создавајќи го модерниот поврзан свет. „Урбан Ер Порт“ ќе ја подобри поврзаноста на нашите градови, ќе го зголеми производството и ќе ѝ помогне на Велика Британија да го преземе водството во сосема нова чиста глобална економија – истакна Рики Санду, основач и извршен директор на „ Urban Air Port “.

Аеродромот за летачки автомобили ќе биде за 60 проценти помал од традиционален хелидром. Тој може да се инсталира за неколку дена, но ќе може и да биде преместен во други градови, ако има потреба. Исто така, тој е еколошки и ќе може да ги поддржи сите летала што полетуваат и слетуваат вертикално. Идеален е за итни случаи бидејќи за кратко време може да распореди дронови и други летала за да пренесе опрема и луѓе таму каде што е потребно, објави Interesting Engineering.

Во меѓувреме, од „Хјундаи“ истакнаа дека планираат да создадат сопствено летало кое ќе полетува и слетува вертикално и го поддржуваат развојот на аеродромот бидејќи дел од нивниот план е комерцијализација на леталото до 2028 година.

Urban Air Mobility дивизијата на Hyundai го избра Urban Air Port како свој партнер бидејќи дури и  e- VTOL возилата мораат некаде да бидат стационирани.

„Air-One е уникатен проект кој е подготвен да помогне да се предводи патот кон развој на робусна, пристапна и интермодална инфраструктурна мрежа за идната мобилност“, изјави Памела Кон, извршен директор на Urban Air Mobility дивизијата на Hyundai.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.