Работодавачите децидни: „Субвенционирана плата“, но под построги критериуми. Ова е во фокус на анализата на ОРМ: Влијанието на КОВИД-19-Предизвици, потреби и очекувања на претпријатијата во Северна Македонија и препораки од работодавачите за петтиот пакет мeрки.

Работодавачите децидни: „Субвенционирана плата“, но под построги критериуми

Организацијата на работодавачи на Македонија, соопшти дека таа помогната од Европската Унија, а со техничка помош на Меѓународната организација на трудот спровела истражување за влијанието на КОВИД – 19-Предизвици, потреби и очекувања на претпријатијата во Северна Македонија.
Истражувањето, како што информираат од ОПМ, било спроведено од страна на проф. д-р. Никица Мојсоска Блажевски. Со него се опфатени 246 претпријатија, членки на Организацијата на работодавачи.

Анкетата ја мери перцепцијата на препријатијата во однос на нивниот континуитет во работењето, финансиската стабилност, статусот на работната сила, ефективноста на тековните владини мерки за поддршка и ставовите на деловните субјекти.

Една третина од македонските компании работеле од дома

Истражувањето покажува дека во периодот октомври-декемви 2020 година, состојбата е нешто подобрена во однос на периодот април-јуни, кога се спроведе првата анкета од ваков тип.

Така во овој период продолжиле со работа 83 отсто од компаниите, за разлика од претходниот анкетиран период кога работеле само 22 отсто од компаниите.
Над 50 отсто од анкетираните истакнале дека главните оперативни предизвици се:

  • отсуството на вработените од работа поради болест или поради владините уредби,
  • голем пад на побарувачката за производите на претпријатието и
  • задоцнето плаќање од страна на купувачите.

Слично како и во првата анкета, само 12 отсто од анкетираните, отпуштиле вработени и тоа до 10 отсто од вработените.

Голем број од анкетираните компании, дури 67 проценти работеле од далечина. А, една третина од нив ќе продолжат да работат на овој начин и во иднина.

Што се однесува на видот и големината на владината подршка за справувањето со негативните ефекти предизвикани од КОВИД-19, дури 61 отсто од анкетираните покажуваат релативно незадоволство.

Најценета мерка и во сегашната анкета, исто како и во претходната е „субвенција на плата“. Дури 46 проценти од оние кои се изјасниле дека ке конкурираат и за петтиот сет на мерки кажале дека ке се пријават за субвенционирање на платите. Додека 16 отсто ќе аплицираат за грантови за посебни индустрии, а 14 отсто за одложување на плаќањето на кредитите.

Предлог мерки за петиот владин пакет

Врз база на анализата, Организацијата на работодавачи соопшти дека ги предлага следниве мерки до Владата:

  • Неопходно е да се донесе петиот пакет на мерки за поддршка, затоа што состојбата со пандемијата се уште не се подобрува и предизвикува големи проблеми во работењето на претпријатијата;
  • Да се развијат построги и посоодветни критериуми за квалификуваност на претпријатијата за добивање на поддршка. Со цел средствата да ги добијат компании на кои навистина и е потребна помош. Со што истовремено ќе се намалат загубите поради неефикасна распределба на ресурсите.

Затоа е потребно да се изнајдат критериуми кои ќе бидат ефикасни за одреден тип на поддршка. На пример, критериумот „пад на приходите“ не може да биде ефикасен за мерката „субвенционирање на плати“, туку платите зависат од бројот на изгубените работни часови поради ковид кризата.

Како што стои во соопштението, МОТ изработи детален предлог на една ваква мерка и пресмета дека ако се субвенционираа изгубените работни часови поради: платеното отсуство, болест, самоизолација намален обем на работа и т.н. во периодот јули-декември 2020 година оваа мерка ќе чинеше околу 19,7 милиони евра месечно, наспроти исплатените 28 милиони месечно.

Во тој случај ке беа опфатени само вработените кои не одеа на работа – околу 84. 000, наспроти 117.000 вработени кои добиваа помош со субвенционирањето на платите.

  • Претпријатијата исто така искажаа незадоволство кон критериумот –задршка на вработените. При тоа не се земени во предвид сезонските флуктуации на вработени. Поради тоа хотелите мораа „фиктивно“ да ги вработуваат сезонските работници од летната сезона и да ги задржат на работа до крајот на фебруари 2021 година.
  • Претпријатијата исто така бараат да се прилагодат критериумите за пристап до заемите за ликвидност. Бидејки овие заеми е потребно да ги користат компаниите кои имаат проблем со ликвидноста и се борат за опстанок, а не компаниите кои имаат раст на приходите- тие и без помош ќе преживеат.
  • Неопходно е да се продолжи со кофинансирањето на инвестициските активности на претпријатијата заради подобрување на нивната продуктивност, но неопходни се измени на критериумите кои беа наведени во законот. Не може од компаниите да бараме во услови на КОВИД-19 да ги зголемат приходите или да го зголемат бројот на вработени. Во тој случај многу компании не би добиле помош, а го реализирале инвестицискиот проект за подобрување на техничката опременост.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.