Дали Горан Марковиќ, Миодраг Табачки, Дејан Мијач и Милена Драгичевиќ Шешиќ ќе станат Академици ќе се знае за неколку месеци, но ова е првпат САНУ конечно да ги отвори вратите за уметници од светот на театарот и филмот.

За „револуцијата“ во Српската Академија на Науки и Уметности магазинот Анторис веќе пишуваше кон крајот на изминатава година. Сега доаѓа само официјалната потврда.

Овие истакнати уметници и културни работници беа меѓу 15-те кандидати предложени за нови членови на Уметничкиот оддел на Српската академија на науките и уметностите.

Повеќето предлози, дури 15 од 58, за нови членови на САНУ во рамките на овогодинешните избори, пристигнаа за Уметничкиот оддел на оваа институција. Кој од овие 15 имиња ќе ја преземе титулата Академик ќе се знае на почетокот на ноември, за кога е закажано Изборното собрание на САНУ.

– Чест ми е што сум во ова друштво и мислам дека би било најдобро сите 15 кандидати да станат членови на САНУ –  изјави за српскте медиуми Миодраг Табачки, сценограф, дизајнер на костуми и долгогодишен професор на Факултетот за драмски уметности и универзитети ширум светот.

Табачки е предложен од ФДУ, исто како и театарски режисер Дејан Мијач и театарски и филмски режисер и професор Горан Марковиќ.

– Одлучивме со промена на името на одделот да се отвори можноста и за други уметности, а не само за архитектурата, сликарството, вајарството и музиката. Тоа се интерпретативни уметности, изведувачки уметности, филм, балет, опера, применета уметност, историја и теорија на уметност – вели академикот Милан Лојаница, секретар на Одделот за уметност.

Инаку, новиот изборен циклус во САНУ започна на крајот на октомври минатата година, кога оваа институција објави покана со упатства за доставување предлози за нови членови на Академијата.

– Врз основа на тоа, една група предлози, предложени од тројца членови на САНУ и Академските одбори, како и оние надвор од Академијата, пристигнаа до крајот на јануари – велат од оваа институција, прецизирајќи дека до крајот на месецот, овие предлози ќе бидат доставени до одделите на Академијата.

– Во текот на март и април, одделенијата и гранките ги формираат своите предлози, а потоа сите предлози се враќаат на одделите за гласање. Тој прв круг на гласање завршува до крајот на мај, а во јуни, предлозите на кандидатите кои добија мнозинство или двотретинско мнозинство во гласањето во одделенијата се доставуваат до Претседателството – стои во објаснувањето на процесот од страна на САНУ.

Јавноста ќе биде информирана за предлозите кои поминаа на гласањето во септември, а главните избори ќе се одржат на 4 ноември. За тоа време е закажано Изборното собрание на САНУ.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.