Белградска „Политика“ објави последна, до сега необјавена песна на големата српска поетеса Десанка Максимовиќ, која беше и носител на престижната награда „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.

Песна до јавноста дојде благодарение на поетот Мошо Одаловиќ, кој имаше чест и привилегија да се дружи со Десанка, а заедно настапуваа и на многубројните поетски манифестации.

– Анегдотите се само случајни биографски детали, но честопати се и вредни индикации, па затоа би кажал една. Приближувајќи се кон училиште во Приштина, благ ветер ненадејно не пресече и го крена во воздух шеширот на Десанка, а таа извика: „Фати го, те молам, тоа е се што ми остана од убавина“ – напиша за „Политика“ Одаловиќ, откривајќи ги деталите врзани за последната, необјавена песна на Десанка…

– „Сад сам мирна“ доаѓа токму кај мене, на моја адреса! Со трепетлива рака, и дух потполно смирен за поет! Во најдоцните часови на создавање, само таа – Десанка Максимовиќ – можеше да испрати вакво нешто од Врњачка Бања, во средината на септември 1992 година, каде што ги поминуваше своите последни денови…

Еве ја песната:

Сад сам мирна

Сретох пркосна момка народности

која наш род не воли и тлачи,

која се насиљем уме да јуначи,

момка друге вере, крви и кости.

Али ја брзо све то премостих,

људскост је у мени оживела јаче,

не хтедох да га са злим изједначим,

лакше ми је кад опростим.

Пружих му руку другарски, весела,

као да је момак из мојега села,

унук које од познатих ми жена.

Осмех пријатељски био је доста ‒

као над понором уже висећег моста:

растасмо се ко два Албанца, два Словена.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.