Samsung ќе гради фабрика за чипови од 17 милијарди долари. Јужнокорејскиот технолошки гигант планира да изгради фабрика за полупроводници во вредност од 17 милијарди долари во близина на градот Остин во Тексас, во следните три години. Ивестицијата претставува дел од напорите да го зголеми сопствениот производствен капацитет, а исто така и да го ублажи глобалниот недостиг на чипови.

Технолошкиот гигант  Самсунг деновиве најави изградба на фабрика со вкупна површина од пет милиони квадратни метри, со цел да го зголеми производството на најсовремените логички полупроводници, кои се користат во телефоните и компјутерите, пренесува CNBC.

Самсунг очекува дека градежните работи ќе започнат во првата половина на 2022 година, и се надеваат и веруваат дека фабриката ќе профункционира до втората половина на 2024 година, пренесува Танјуг.

Вкупната проектирана инвестиција од 17 милијарди долари ќе биде најголемата што Самсунг досега ја има направено во Соединетите американски држави. Оваа сума вклучува згради, машини и опрема.

Инаку, Samsung започна со работа во американските држави во 1978 година, каде што вработува повеќе од 20.000 луѓе ширум земјата. Со најновата инвестиција, вкупните инвестиции на Самсунг во таа земја ќе надминат 47 милијарди долари, соопштија од компанијата.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.