Samsung Neo QLED телевизорите добитници на првиот официјален сертификат за гејминг, објави компанијата Samsung Electronics. Станува збор за Gaming TV Performance сертификатот, што го издава познатиот германски инженерски институт Verband Deutscher Elektrotechniker.  Neo QLED телевизорите заслужено се здобија со истиот, благодарение на намалувањето во доцнењето на одзивот од 10 ms, HDR технологијата, како и приказот на светлина поголема од 1000 нити.

Samsung Neo QLED телевизорите добитници на првиот официјален сертификат за гејминг

 Одлични перформанси за гејмерите

„Сè повеќе гејмери бараат и очекуваат максимум од своите телевизори, кога се работи за големина на екранот и врвен квалитет на сликата. Тоа се некои од главните насоки при купување на нов телевизор. Samsung го препозна истото и продолжува со развој на телевизиските иновации, кои ќе ги задоволат и најспецифичните корисници“, изјави Yonghoon Choi, потпретседател на Одделението за визуелни решенија во компанијата Samsung Electronics.

 Neo QLED моделите на телевизори, кои се здобија со сертификат, се QN900, QN800, QN90 и QN85, по ригорозни тестови за перформансите и стрес-тестови на хардверот. Покрај клучните карактеристики, како намалување на доцнењето на одзивот од 10ms, поддршката за HDR и нивото на приказот на светлина над 1000 нити, Neo QLED телевизорите се одликуваат и со брзина на освежување на сликата од 120 Hz. И тоа, благодарение на Motion Xcelerator Turbo+ технологијата, како и волумен на бојата од 100 нити и сооднос од 21:9, односно 32:9. Телевизорот лесно се префрла во гејминг начин на работа со помош на Game View и Game Bar опцијата. Додека врвниот квалитет на звукот обезбедува Object Tracking Sound+, технологија која следи движење на објекти по екранот и прецизно го репродуцира звукот за максимално реалистично чувство.

Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологија Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ уредите, смартфоните, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни апарати, мрежните и LSI системи, меморијата и LED технологијата.

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.