Корона си го направи своето. Викенд понудата што ја има метрополата е скромна…

Оркестарот на Националната опера и балет вечер (петок, 5-ти март) од 20 часот концертно ќе го изведе балетот „Шехерезада“ на Николај Римски Корсаков, под диригентство на Бисера Чадловска. Оркестарот, преку прекрасната музика која води во светот на ориентот, на поинаков начин ќе ја преточи оваа безвременска бајка.

Настанот ќе се одржи со почитување на здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19, а влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот.

На сцената во Театар „Комедија“, на 5 и 6 март (петок и сабота) со почеток во 19 часот ќе биде изведена претставата „На отворено“ во режија на Андреј Цветановски. Во претставата настапуваат: Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Сергеј Димовски и Тони Денковски.

Поради актуелната состојба, билетите за оваа претстава ќе може да се резервираат само телефонски во билетарницата на Театар „Комедија“ и да се подигнат од билетарницата во периодот од 10:00 до 18:30 часот на денот на изведбата.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.