Сингапур гради паметен град со 42.000 станови. Според планираното би требало локалното население кое ќе ги користи овие домови да ги исполнува повеќето од своите потреби преку автоматски услуги.

Сингапур гради паметен град со 42.000 станови

Станува збор за држава во која 80 проценти од луѓето живеат во домови кои се во јавна сопственост, така што власта има големо влијание врз урбаниот развој и неговите последици.

Планот е да се изградат нови 42.000 станови во пет области, поточно еколошкиот град т.н. Tengah. Тоа е малезиски збор што значи просечност или средна класа. Ова ќе биде 24-та населена област што Владата ја изгради од крајот на Втората светска војна.

Системот за климатизација ќе биде централизиран, собирањето смет и отпад ќе се автоматизира, а автомобилите ќе бидат забранети во центарот на градот. Целта е да се придонесе за намалување на емисиите на јаглерод диоксид во градот.

Шумски град

Официјалните лица го нарекоа шумски град поради големите зелени површини. Ќе се наоѓа на местото каде порано имало циглана, а потоа бил и простор за воена обука. Зафаќа простор од 700 хектари.

Проектантите посочија дека поголемиот дел од просторот ќе биде наменет за пешаците и велосипедистите. Ова е очекувано со оглед на тоа што во последните години се повеќе се развива велосипедизмот во Сингапур.

Инфраструктурата е дизајнирана и за употреба на електрични и самовозечки автомобили, така што ќе има поголем број полначи на батерии за возилата.

Технологија без штетни гасови

Посебно внимание се посветува на ладење на внатрешноста на зградата. Имено, во оваа земја со шест милиони жители, емисиите на штетни гасови се поголеми отколку во Велика Британија, Кина и Малезија. Причината за ова се климатизерите, кои сочинуваат една третина од вкупната потрошувачка на енергија во домаќинствата. Со глобалното затоплување, овој проблем може да се влоши.

Затоа паметниот град ќе користи поинаква технологија. Ќе користи разладена  вода, а сончевата енергија ќе се искористува и за ладење. Ова исто така ќе ја намали емисијата на штетни гасови.

Паметен град значи и дека светлата ќе бидат вклучени само таму каде што некој во моментот престојува.

Почетната цена на становите ќе биде 82.000 УСД, а првите станови треба да бидат изградени до 2023 година. Таму ќе се наоѓа  и највисокиот монтажен облакодер во светот.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.