Oваа среда имаме нова аудио книга на #Самоглас!

„Скопје, ти раскинуем“ од Тамара Јолевска Попов во издание на ПНВ Публикации / PNV Publishing е веќе достапна на нивната платформа. Делото е збирка на блиц скопски ситуации, урбани приказни за градот и луѓето во него, но тоа не се ликови со име, презиме, улица и број, туку архетипи на скопјани во Скопје, но и на секој што го чувствува Скопје како свој град.

Тамара Јолевска Попов е родена на 30 март 1987 година во Скопје. Средното образование го завршува во уметничкиот колеџ „Бромсгроув“ во Бирмингем, Велика Британија. Дипломирала англиски и шпански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирала англиски јазик на Универзитетот „Американ Колеџ“ Скопје. Долги години е присутна и на независната уметничка сцена.

Автор е на збирката раскази „Ге-дур“ (2013, ИЛИ-ИЛИ) и на неколку необјавени драмски текстови. Работела како уредник во издавачки куќи, професор по англиски јазик во приватни училишта во Скопје, а во моментов е лектор на Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.