Фондацијата „Славко Јаневски“ денеска на прес-конференција го соопшти името на годинашниот добитник на наградата „Роман на годината“. Тоа е „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски (во издание на „Антолог“).

На годинашниот конкурс беа пристигнати 40 романи, а лауреатот ќе добие статуетка, плакета и паричен износ од 150 илјади денари.

Во најтесниот избор за наградата влегоа пет романи, а освен победничкиот, тука беа и: „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски („Или – или“), „Суво мастило“ од Владимир Илиевски („Македоника литера“),„Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски („Антолог“) и „Куќа над брановите“ од Билјана С. Црвенковска („Чудна шума“).

Во состав на жири комисијата беа Оливера Николова, која беше лауреат за 2019 година, Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева.

Наградата „Роман на годината“ се додели по 22 пат, а претходната година наградата и беше врачена на Оливера Николова за „Песот со тажен поглед“.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.