Според пишувањето на белградска „Политика“, Србите веќе не се толкави „лебари“ како порано, бидејќи од 101,5 килограми, колку просечно јадеа во 2006-та, во 2019-та паднаа на 66,7 килограми.

Анализата на „Житоунија“, покажува дека потрошувачката на оваа намирница по глава на жител во Србија во последните 13 години е намалена за 33 проценти.

– Потрошувачката на леб во Србија е во постојан пад во последните неколку години, што се одрзува во целиот мелнички сектор, објави Здружението „Житоунија“. Ова е потврдено и си податоците на Републичкото биро за статистика, кои и се доставени до „Политика“.

Според официјалната статистика, просечната годишна потрошувачка, по член на домаќинството, во 2006 година била 101,5 килограми леб и печива заедно, додека во 2019 година била 66,7 килограми. Податоците се добиени врз основа на Анкетата за буџетот на домаќинствата во Србија.

– Сведоци сме дека по жетва на пченица во 2020 година, имаше голем пад на побарувачката на пазарот на брашно, како во земјата, така и во странство. Причините се краткорочни, но постои и долгорочен тренд на губење на дел од двата пазари – посочуваат во „Житоунија“.

Тие забележуваат дека некои од основните причини треба да се бараат во бројот на мелници и пекари во Србија. Иако бројот на активни мелници во Србија се намалува (од 2010 до 2014 година, 318 субјекти биле активни на пазарот на брашно, што е огромното мнозинство на мелници), сепак се наведува дека има премногу мелници и мелнички капацитети има во Србија.

Според анализата на „Житоунија“, во Србија годишно се произведуваат околу 800.000 тони брашно за човечка исхрана. Околу 335.000 тони се користат за производство на леб, додека пекарите користат околу 51.000 тони брашно за правење други печива. Домаќинствата користат 158.000 тони, производители на тестенини 27.000, а кондиторската индустрија купува 62.000 тони брашно.

Повеќе фактори за падот на побарувачката за лебно брашно

– Потрошувачката на лебно брашно постојано се намалува, што е последица на повеќе фактори. Тука се исклучени печивата, бидејќи таму постои мало зголемување – велат во тоа Здружение. Нивните податоци, засновани на статистика, покажуваат дека потрошувачката на леб во Србија, по глава на жител, е намалена за околу 33 проценти за 13 години. Од 91,5 до 60,4 килограми – од 2006 до 2018 година. Во тој период, потрошувачката на брашно за производство на леб опадна за околу 125.000 тони – посочуваат од „Житоунија“.

Сепак, тие забележуваат дека на падот на уделот на брашно за производство на леб, освен веќе споменатиот пад на потрошувачката по глава на жител, влијае и помалиот вкупен број на жители.

Патем, на состојбата во мелничкиот сектор влијае и падот на извозот на брашно, главно во земјите од поранешна Југославија.

Интересно е да се напомене дека Србија, а особено регионот на Војводина, на некој начин станува се повеќе и повеќе суровинска област за земји за кои се смета дека се помалку развиени од Србија (БиХ, Македонија…)

– Така сме во првите четири месеци од економската 2020/21 година 31.458 тони пченица и само 13.192 тони брашно се извезени во Македонија, а 21.086 тони пченица и 11.475 тони брашно во БиХ. На Косово се продадени 25.136 тони пченица и само 1.767 тони брашно – забележува Здружението „Житоунија“.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.