Средношколците изумители на 3Д печатена бионичка рака -победници на Generation Unlimited – Youth Challenge. Четворица тинејџери од Македонија го привлекоа вниманието на светската научна јавност со проектот за изработка на бионичка рака 30 пати поевтина од постоечките на пазарот.

Средношколците изумители на 3Д печатена бионичка рака -победници на Generation Unlimited – Youth Challenge

 

Бионичката рака – изум на средношколците Орхан Багашов, Тео Китановски, Борис Ночески и Анамариа Илиева, е глобален победник на натпреварот Generation Unlimited – Youth Challenge, во кој учествуваа 180 тимови од 36 држави ширум светот.

Бионичката рака – Venus Arm

Средношколските изумители користеле технологија за 3Д-печатење со која секој може сам да си направи бионичка протеза. И таа може да „расте“ паралелно со децата!

Бионичката рака, наречена Venus Arm, е направена со 3Д печатач и претставува електронска протеза која ги детектира мускулните импулси од подлактницата со помош на сензори.

„Нашиот модел подразбира дека секој кој има потреба од бионичка рака ќе може да избере своја големина, да ги симне бесплатните модели за 3Д печатење преку интернет, да ја испечати конструкцијата со 3Д печатач, да ги нарача останатите делови од интернет и да ја состави сам, без никакво претходно искуство, во период од 6-7 часа“, објаснуваат младите иноватори.

Според нив ова е одлично решение за луѓето без горен екстремитет, бидејќи материјалите за изработка се многу поевтини, а не се плаќа за транспорт, работна рака и профит за производител и добавувач.

„Луѓето различно гледаат на младите иноватори како нас. Тие не веруваат дека сме способни да создаваме влијателни иновации што им помагаат на луѓето на пошироко ниво. Но, ние сакаме да размислуваме поинаку, изјави Ночески за вебстраницата на „Џенерејшн анлимитид“ (generationunlimited.org), која обединува партнери од владите, мултилатералните организации, граѓанското општество, приватниот сектор и младите од целиот свет.

„Нашиот VenusArm е целосно испечатен во 3Д и користи мускулни сензори за да овозможи флексибилно движење што му помага на корисникот во секојдневниот живот. Ние сакаме да се осигураме дека луѓето можат да добијат потполно функционална бионичка рака што е достапна за секого, без оглед од каде е. Претпоставената цена за изработка е од 150 до 200 евра, што е многу поевтино од наједноставните бионички раце на пазарот“.

Бионичките раце што се достапни во моментов чинат илјадници долари ( 10.000 американсски долари). Истите може да се купат само во неколку развиени земји. Дополнителен проблем е што мора постојано да се менуваат ако корисникот е млада личност, бидејќи телото постојано расте“, објаснува еден од коосновачите на eBionics.

„Ние веруваме дека овие проблеми можат да се решат со поинакво пристапување кон технологијата за изработка на бионичката рака“, сигурни се иноваторите. Односно изумот на eBionics ветува дека ќе го промени тоа.

 

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.