Што гледа автопилотот на „Тесла“ во движење. Сопственикот на „Тесла“ на Јутјуб објави видео во кое визуелизацијата на автопилотот покажува сè што го „гледа“ компјутерот на Тесла.

Што гледа автопилотот на „Тесла“ во движење

Некои сопственици на автомобили на „Тесла“ веќе некое време уживаат во предностите на софтверот „Full Self-Driving Beta“. Тој им овозможува да управуваат возила независно и без интервенција на возачот.

Но, ова не е целосно автономно возило. Затоа не постои закон што би дозволил контролата на возилата да се остави на компјутерот. Поради тоа секогаш е потребно рацете да бидат на воланот. Само така возачите може да реагираат на можни дефекти и грешки на системот. Исто така, возачите се единствените одговорни за возилото. И во случај на сообраќајни прекршоци или несреќи, додека автомобилот го управува компјутер, вината нема да биде на софтверот, туку на возачите.

Досега, на Интернет се објавени бројни видеозаписи од автопилотите на „Тесла“ во акција, кои ги прикажуваат сите можности на автономната технологија на Маск. Но, сега еден сопственик на возило на „Тесла“, кој ја носи регистарската табличка „AI Driver“, објави ново фантастично видео кое покажува што компјутерот „гледа“ за време на возењето.

Видеото покажува визуелизација на сообраќајни ленти, автомобили во движење, паркирани автомобили, семафори со светла, сообраќајни знаци итн.

Бидејќи видеото е снимено ноќе, особено е импресивно за визуелизацијата да се види како компјутерот на „Тесла“ забележува други автомобили пред да можеме да ги забележиме на патот со голо око.

Исто така, автомобилот во возење се однесува точно како што би очекувале да се однесува кога е  управуван од „вистински“ возач. Застанува на знакот „стоп“ и црвено светло, вози  во својата лента итн. Ова видео е уште еден доказ за тоа колку е напредна технологијата на „Тесла“.

Меѓутоа, од  сајтот „Електрек“, врз основа на нивните искуства, предупредуваат дека автопилотот може да има проблеми во услови со многу снег и каде што се валкани патиштата.

 

 

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.