Стопанска банка АД – Скопје оствари добивка од 35,4 милиони евра во 2020, односно 2.177.457.000 денари. Ова добивка пред оданочување е пониска од добивката во претходната година, како резултат на пандемијата и намалениот обем во речиси сите сегменти од банкарското работење. Ова појаснување стои во Анализата на финансиските резултати на Стопанска банка АД – Скопје за деловната 2020 година доставена до Македонска берза.

Вкупната актива на Банката на последниот ден од 2020 година изнесува 105.984.156 000 денари и е за шест проценти повисока во однос на истиот период минатата година.

Стопанска банка АД – Скопје оствари добивка од 35,4 милиони евра во 2020

Биланс на успех

Стопанска банка АД – Скопје, лани оствари 3.716.697.000 денари нето-приходи од камати. Тоа претставува зголемување за  три проценти во однос на истиот период од претходната година, пред сè како резултат на кредитните активности и зголемувањето на активата. Трендот на намалување на каматните стапки продолжи и во 2020 година.

Како што стоои во анализата, нето-приходите од провизии и надомест изнесуваат 738.626.000 денари и се намалени за 11 отсто во однос на анализираниот период во 2019 година. Пандемијата имаше значително влијание врз овој сегмент, како на намалување на дознаките на ниво на национална економија, така и во делот на домашните платни трансакции. Потоа трансакциите со кредитни картички и во другите трансакциски сервиси. Намалените економски активности и воздржување од трошење од страна на клиентите. Дополнително, во пресрет на ублажување на последиците од пандемијата, во текот на првите неколку месеци Банката овозможи бесплатни дигитални трансакции за физичките лица и намалување на редовните провизии.

Нето-приходите од курсни разлики бележат пораст од 11 отсто. Тие изнесуваат 101.630.000 денари. И се резултат на зголемениот обем на девизниот пазар и поголемото учество на физичките лица во овој сегмент.

Другите приходи од дејноста забележаа намалување од 33 отсто, што е исто така  резултат на пандемијата и на намалените активности.

Оперативните трошоци, односно трошоците за вработени, амортизација и други расходи на крајот годината изнесуваа 1.767.723.000 денари.Тие бележат раст од само еден отсто во однос на минатата година. И тоа пред се поради зголемените трошоци поврзани со пандемијата. Тоа се должи на набавка на заштитна опрема, поголеми трошоци за дезинфекција, ангажирање надворешни редари за филијалите и слично.

Исправката на вредноста на финансиските средства за 2020 година изнесува 962.719.000 денари. И таа е поголема за 26 проценти во однос на 2019 година. Ова е резултат на прудентниот пристап на Банката во однос на исправката на вредноста за кредитното портфолио, во услови на криза предизвикана од ковид-19.

 Добивката пред оданочување изнесува 2.177.457.000 денари и е пониска за 18 проценти во однос на минатата година како резултат на претходно наведените причини.

Биланс на состојба

Стопанска банка АД – Скопје ја заврши 2020 година со вкупна актива од 105.984.156.000 денари. Таа е поголема за шест проценти во однос на 2019 година.

Паричните средства и парични еквиваленти во споредба со крајот на 2019 година се пониски за 4.469.464.000 денари, односно за 20 отсто. Пред се како резултат на употреба на овие средства во кредитен пораст и зголемување на портфолиото на хартии од вредност.

Кредитите на други комитенти и побарувања од нив остварија пораст од седум проценти, во услови на пандемија и изнесуваат 70.999.971.000 денари.

Кредитите на банки и побарувањата од банки изнесуваат 224.193.000 денари и бележат намалување во однос на крајот на 2019 година за осум проценти.

Банката минатата година вложила 14.713.650.000 денари во хартии од вредност. Тоа претставува зголемување од 69 проценти во однос на 2019 година. Имено, порастот на изворите на средства првенствено бил искористен за пораст на кредитното портфолио. Додека вишокот ликвидност бил употребен за зголемување на портфолиото на хартии од вредност, од кои најмногу еврообврзници, стои во анализата.

Другите побарувања забележаа пораст од девет проценти и изнесуваат 1,483.331.000 денари.

Вкупните депозити на други комитенти остварија пораст од пет отсто, односно се зголемија за 3.765.137.000 денари. Така што на крајот на 2020 година изнесуваат 86.622.677.000 денари.

Капиталот и резервите на Банката лани достигнале до 17.356.769.000 денари. Тоа претставува зголемување за 14 проценти во однос на крајот на 2019 година. А, е  резултат на остварената добивка што се задржа и не се распредели на акционерите. Во јуни 2020 година, Банката изврши зголемување на сопствените средства во износ од 15 милиони евра во денарска противвредност со прераспределба на добивката од 2019 година. На тој начин се зголеми капиталната адекватност на Банката над пропишаните регулативни барања.  Што пак  претставува дополнителна поддршка на бизнисот и на идните перспективи на Банката.

Недвижниот имот и опремата бележат намалување за два проценти. Обврските по кредити изнесуваат 529.540.000 денари и се зголемени во однос на крајот на 2019 година за 315.196.000 денари. И тоа како резултат на користење средства за поддршка на компаниите од Развојната банка на РСМ.

 Очекувања за претстојниот период

Предвидувањата на Банката, како банка со најголема капитална основа, е да се движи во линија на порастот на пазарот. Секако со очекување да го зголеми пазарното учество во корпоративниот сектор. Да го задржи водечкото пазарно учество во секторот на население, со понуда на услови и на цени што се во согласност со конкуренцијата, притоа почитувајќи ги поставките во својата кредитна политика.

Банката ќе биде фокусирана на постојано надградување и збогатување на понудата на дигитални сервиси. Осовременување оперативни процеси водејќи грижа за стабилноста и за сигурноста на информативниот систем.

Грижата за вработените и континуираното функционирање на Банката на услуга на клиентите останува да биде примарен фокус на манаџментот, како и во досегашното работење.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.