Студентите на ФОН – Белград се светски шампиони на “Global Circular Challenge 2021”, натпреварот за решавање студија на случај.

 

Студентите на ФОН – Белград се светски шампиони на “Global Circular Challenge 2021”

На светскиот натпревар во решавање на студија на случај  на “Global Circular Challenge 2021″   („Глобален циркуларен предизвик 2021“) од областа на циркуларна економија за текстилната индустрија, тимот на српските студенти од Факултетот за организациони науки при Универзитетот ФОН во Белград го освоија првото место.

Натпреварот се одржа онлајн во периодот од 20 јануари до 13 март 2021 година, а студентите на Case Study Club на ФОН за време на натпреварот победија реномирани светски универзитети и училишта.  Зад нив останаа студентите од:  Универзитетот Стенфорд, Технолошки универзитет во Масачусетс, Универзитет Колумбија, Универзитет Оксфорд, Лондонска школа за економија и политички науки.

Fashion can do better

Натпреварот  го организираше Лондонската школа за економија и политички науки. Таа го започна предизвикот за натпреварување „Fashion can do better“ („Модата може подобро“) на 20 јануари 2021 година. На натпреварот ги покани водечките универзитети од целиот свет да се приклучат во изнаоѓање на деловно иновативно решение во областа на циркуларна економија во текстилната индустрија.

Идејата беше да се запознаат младите луѓе од различни делови на светот со концептот на циркуларната економија за време на тие осум недели работа, користејќи ја методологијата Design Thinking (Дизајн размислување)

Тимот од Србија го сочинуваа: Зорана Дуловиќ, Сергеј Станишиќ, Драган Стојановиќ, Тамара Ѓорѓевиќ и Мина Петровиќ, под менторство на проф. Весна Дамњановиќ, проф. Наташа Петровиќ и Стефан Цониќ.

Натпреварот траеше осум недели и секоја недела се решавала по една задача. После два месеци работа, на 13 март годинава се одржа финалето. Ден кога сите тимови го презентираа своето конечно решение засновано на претходната работа и искуство.

Во финалето, студентите на ФОН победија два тима од Универзитетот Колумбија. Потоа тимот на Универзитетот Еразмо Ротердам и École des Ponts во Флорида. И исто така два тима од Технолошкиот универзитет во Масачусетс.

Стручното жири, составено од еминентни луѓе од академијата и бизнисот, едногласно ги прогласиле за победници студентите на ФОН, што зборува за врвен резултат.

 Природните бои од алги -предизвик

Годинава, Global Circular Challenge 2021  ја постави задачата за креирање иновативно и одржливо решение кое ќе ги намали штетните влијанија на модната индустрија.

Решението на студентскиот тим на ФОН го опфати процесот на циркуларна економија. И притоа докажа дека просперитетот во модната индустрија е можен преку одржливост.

Тимот презентира соодветен начин за замена на синтетичките бои со природни кои се креираат од делови од алгите. Како пилот пазар за примена на ова решение, тимот дошол до заклучок дека е Велика Британија. Тие ја одбрале оваа земја како најпогодна за првата фаза на имплементација, поради бројот на компании кои произведуваат алги и бројот на постројки за согорување.

Со интегрирање на мултидисциплинарните знаења, различните перспективи и темелни истражувања, студентите на ФОН најдоа начин еден од најголемите загадувачи, јаглерод диоксид да го искористат и да направат нешто добро за светот. Пред се намалувајќи ги штетните ефекти на модата. Тие создадоа оригинален деловен модел, маркетинг стратегија и финансиски ефекти од решението.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.