Светска банка- 46,5 милиони долари за енергетска ефикасност и за образование. Практично со 46,5 милиони евра обезбедени од Светска банка ќе бидат реализирани два проекта значајни за економскиот развој на земјата. Станува збор за проекти за енергетска ефикасност во јавниот сектор и за унапредување на основното образование. И двата проекти се дел од четиригодишната рамка за партнерство со Светска банка, вреден 420 милиони долари.

Светска банка- 46,5 милиони долари за енергетска ефикасност и за образование

Договорите се потпишани

Договорите за двата проекта се неодамна потпишани. Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор е во вредност од 25 милиони евра, а проектот за унапредување на основното образование е вреден 21,5 милиони евра.

Рокот на отплата на овој заем е 11 години, со вклучен грејс период од три години и каматна стапка од шестмесечен ЕУРИБОР со варијабилен распон.

Во рамки на првиот проект ќе се одвојат средства за енергетска ефикасност на јавни објекти како што се општински згради, згради на централна власт и јавно осветлување. Исто така и за техничка помош за формирање на Фонд за енергетска ефикасност и за почетен капитал за Фондот.

Средствата наменети за вториот проект ќе бидат насочени кон инвестиции во училишната инфраструктура. Пред се за зајакнување на компетенциите на наставниот кадар и за реформата за следење и оценување на националниот прогрес во учењето. Целта е развивање на програма за државно тестирање.

Проекти за „Попаметен раст“

Според министерот за финансии, вакви проекти кои имаат силна развојна компонента се од големо значење. Особено во услови кога се соочуваме со ефектите на Ковид-19 кризата врз економијата.

– И едниот и другиот проект се во насока на постигнување на СМАРТ-раст или „Попаметен раст”, преку вложување во подобрување на ефикасноста и инвестиции во креирање на додадена вредност преку унапредување на човечките ресурси.

Според првиот финансиер во земјава два проекта од Рамката за партнертсво со Светска банка  се во собраниска процедура. Едниот за модернизација на земјоделството во вредност од 46 милиони евра и дополнителни 37 милиони евра за локални патишта. По усвојување на законите од страна на Собранието ќе се започне нивната имплементација.

Четиригодишната рамка за партнерство со Светска банка е насочена кон креирање конкурентна економија и инклузивен и одржлив раст на земјата. Во изминатите три децении, Светска банка има финансирано проекти во вкупна вредност од над 2,5 милијарди долари.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.