Големите биографии немаат рок на траење. Тоа го потврдува и потфатот на српскиот издавач „Арете“, кој повторно во жижата на интересот ја враќа биографијата на големиот уметник Салвадор Дали – „Ја сам геније“.

„Јас сум гение“ веројатно е најчесто искажана реченица во бурниот живот на уметникот Салвадор Дали. Не само што тој, без никаков срам, го мислеше тоа за себе, туку и ја наслови својата автобиографија на тој начин.

„Јас сум гение“ е насловот на автобиографијата која беше објавена во Србија пред петнаесетина години во едицијата „Соларис“. И додека во овие мемоари еден од најголемите сликари на 20 век ги објаснува неговиот живот и уметнички канони, неговата ексцентричност и бескрајна надреална имагинација, кон крајот на минатата година издавачката куќа „Арете“ објави друга автобиографија „Тајниот животот на Салвадор Дали“.

Кариерата на Салвадор Дали, една од највлијателните фигури во модерната уметност, траеше повеќе од шест децении. За време на неговиот живот, кој заврши на 23 јануари 1989 година, на 84-годишна возраст, тој не само што ги направи најпознатите надреалистички слики, туку се занимаваше и со скулптура, фотографија, пишување, филм, сценографија, ентериери.

Тој ја опишува својата ексцентричност, љубов, кон кршење на сите табуа, подеми и падови, луѓе во неговиот живот до 30-та години во оваа, рана автобиографија „Тајниот живот на Салвадор Дали“. И тоа на 400 страници.

  • „Секое утро кога ќе се разбудам, чувствувам неопислива радост – радост што сум Салвадор Дали. И со задоволство се прашувам: Кои прекрасни работи ќе ги направи Салвадор Дали денес?“, изјавуваше уметникот кој истовремено би ги насликал сликите убави како да се од четкичката на Рафаел, но и кошмарни пејзажи на запалени жирафи и трупови прекриени со муви.

Последните години од својот живот, обележани со силна депресија, ги помина во родниот Фигерас, во куќа која денес е музеј посветен на неговиот лик и дело. Салвадор Дали, со лошо здравје, со слабо срце, беше хоспитализиран еден месец пред неговата смрт.

Шпанскиот крал Хуан Карлос Први доаѓа да го посети и му кажува колку му се восхитува заради неговата уметност.

  • „Мене и Кралот ми доаѓа на нозе. Па, убаво реков дека јас сум Бог “, беше коментарот на Салвадор Дали, кој почина на 23 јануари 1989 година.

И триесет години пред тој кобен момент во ТВ-емисија, тој оцени дека неговите уметнички дела се вечни, додавајќи:

  • Јас лично не верувам во мојата смрт.

Причина повеќе да го прочитате „Тајниот живот на Салвадор Дали“.

Колку е почитуван Дали во круговите кои ја сакаат уметноста во Скопје зборува и еден настан од пред повеќе од една деценија.


Пред огромен број на посетители во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје во 2009-та година беше отворена изложбата на Салвадор Дали, магот на надреалистичкото сликарство, еден од најбрилијантните умови на дваесеттиот век.

Изложбата која содржеше 100 литографии од циклусот „Божествена комедија“, инспириран од делото на Данте Алигиери, 15 графики во различни техники, 15 керамики и 6 скулптури во мал формат се дел од приватната збирка на чешкиот колекционер и галерист Зенек Кочик тогаш беше културен настан на сезоната…

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.