Тамара Раѓеновиќ е последната студентка на Монсерат Кабаље, a веќе има настапувано низ целиот свет. Родена е во Белград, израсната во Подгорица, каде ја сметаат за „Црногорска оперска дива“.

Последната студентка на Монсерат, сопранката Тамара Раѓеновиќ има 26 години и веќе има настапувано на оперски сцени во 13 земји. Се што научи од оперската дива Монсерат Кабаље, го покажа овие денови на Коларац во Белград.

– На 18 години имав можност да бидам на Салцбург фестивалот, како дел од нивната продукција за млади учесници, во соработка со Виенската филхармонија. Потоа следеше Љубљана, потоа Лондон, и во текот на втората година на колеџ, соработка со Монсерат… – вели Тамара за своите почетоци, и продолжува:

– Бев една од осумте пејачки кои добија место на колеџ од илјада апликанти. За неколку дена кога започнав да учам, сфатив колку е значаен еден чекор, една скала во една ваква професија што бара. Монсерат знаеше да каже дека тоа е само налепница… Во ред, имаш диплома, но сега треба да продолжиш да работиш на себе и на сцена. Тоа е факултет за себе.

Тамара до сега настапуваше во 13 земји. Еве што издвојува…

– Настап во Маурициус, дефинитивно е првиот. Интересни настапи имав во Италија, во Сицилија на различни историски места. Интересно беше да се настапи за кинеската Нова година пред короната. Беше многу предизвикувачко, луѓето ме прашуваа: „Знаете ли што се случува во Вухан?“. А јас бев единствената што не беше од Азија.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.