Наградуваниот филм „Татко“ на режисерот Срдан Голубовиќ наскоро ќе се најде во американските кина, бидејќи компанијата „The Match Factory“ од Келн ги продаде правата за дистрибуција на оваа продукција за територијата на САД.

Во текот на следните десет години, американските кина, како и виртуелните „сали“, ќе имаат право да го прикажат филмот „Татко“, со можност за дистрибуција во најмалку пет тамошни градови.

Освен што филмот наскоро ќе и биде достапен на американската публика, реализацијата ќе ја има и во Франција и Германија, кои учествуваа во копродукцијата на „Татко“.

Правата за прикажување на филмот на Голубовиќ, кој беше прогласен за најдобар од публиката на минатогодишното Берлинале во рамките на програмата „Панорама“, исто така се купени во Турција, Швајцарија, Литванија, Ирска, Велика Британија, Грција, Кипар, Тунис, Обединетите Арапски Емирати, Алжир, Египет и Иран, Ирак, Јордан, Кувајт, Либан, Ирак, Судан, Мароко и Јужна Кореја.

По светската премиера на Берлинскиот филмски фестивал, филмот „Татко“ го отвори минатогодишниот ФЕСТ.


Драмата со Горан Богдан во главната улога е приказна за отфрлен и понижен човек чии деца му биле одземени заради сиромаштијата. Сепак, од протест, достоинство и желба да се докаже пред себе и пред другите, тој го поминува патот чекорејќи од неговото село на југот на Србија до Белград.

Покрај Богдан, во филмот играат и Борис Исаковиќ, Нада Шаргин, Милица Јаневски, Вахид Џанковиќ, Јова Максиќ, Никола Ракочевиќ, Милан Мариќ, Љубомир Бандовиќ, Ајла Шантиќ и Мухарем Хамзиќ.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.