„Текстилот“ се „тресе“ од пандемијата. Текситлната индустрија, една од нашите индустрии што згрижуваат најмногу работна сила, а тоа значи и ранат најмногу усти – стои и се тресе за исходот од пандемијата. Се’ е застанато! Порачки од странците нема, па огромна е неизвесноста кога синџирот ќе го заврти тркалото.

Текстилната индустрија, индустријата за облека, во вкупното производство на државата учествува со 12,82 отсто, вработуваат над 37.000 работници и учествуваат со околу 10 проценти од вкупниот извоз на земјава.

„Текстилот“ се „тресе“ од пандемијата

Статистичките податоци покажуваат дека извозот на облека за 2020 година изнесувал 361.3 милиони евра. Односно е намален за 16,7  проценти или за 72 милиони евра во споредба со претходната година кога изнесувал 433.3 милиони евра.

Во ваква ситуација „оџаците“ на домашните текситлни производни капацитети не чурат. А, тоа има голем негативен економски ефект врз профитабилноста и ликвидност на компаниите.

Преориентирање на производство

Во изминатиот период некои домашните компании, успеаја да ги намалат негативните влијанија од здравствената криза и да го одржат бројот на вработените. Намалувањето на нарачки во индустријата за облека го компензираа со преориентирање на производство на заштитни маски и друга заштитна облека, за која се јави поголема побарувачка.

„Текстилот“ се „тресе“ од пандемијата. Моменталната сутуација според проценките и секојдневните контакти со текстилните компании, кои се базирани на најавите на странските купувачи, за следниот период  очекуваат намалување на продажбата на производите. И тоа би се движело помеѓу 40 до 50 проценти во однос на претходните години, а со самото тоа за исто толку би се намалиле и нарачките од странските партнери.

Поради мерките за заштита од пандемијата кај најголемите трговски партнери на домашните компании и намалената потрошувачка на текстилни производи, во изминатиот период евидентна е тенденцијата на намалување и откажување на налозите од странство. Со оглед на дополнителните актуелни затворања на европските држави, првенствено на Германија и во следниот период се очекува откажување или намалување на обемот на нарачките. Односно нарачки на помали серии. Сето ова за Анторис го потврдува Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилната и кожарската индустрија при Стопанската комора на Македонија и генерален менаџер на „А.Д. Мода“ – Свети Николе:

Има огромен пад на побарувачката, зашто нема продажба. Ниедно парче, освен на интернет, не се продава

– Во нашите најголемни трговски партенри, тоа се земјите од Западна Еврпа, особено Германија, Италија, Англија, ситуацијата е многу полоша. Значи состојбата со ширењето на заразата, и покрај вакцинацијата – се влошува, што предизвикува затворање на нивните малопродажни објекти. До кога ќе останат затворени, е големо прашање и неизвесност?! Занчи, има огромен пад на побарувачката, зашто нема продажба. Ниедно парче, освен на интернет, не се продава.

Падот на побарувачката ги погоди сите наши текстилни компании кои соработуваат со Западна Европа. Тоа доведува до ситуација – сите наши текстилни брендови да се полни со стока. Тие веќе немаат место во нивние магацини во кои ја складираат, па изнајмуваат додатни магацини. Некои нашти фирми веќе почнаа да отпуштаат работници. Други чекаат да видат што ќе се случи со финансиската поддршка за изплата на плати. Сите менаџери од текситилната индустрија се во неизвесност како понатаму. Некои работат со скратено работно време, некои работат една недела, па следната паузираат. Или пак ги имаат скратено смените, од две на една… Најтешко беше јануари и февруари, а веројатно исто ќе биде и март. Но и април ќе биде тежок, затоа што април е месец на промена на сезоните, лето – зима. Тој месец е и така тежок поради тоа, па сега, со проблемите на епидемијата, април ќе биде многу потежок за текситлната идустрија.

Следува период на намалена економска активност

За подобрување се надеваме дека ќе можеме да разговараме август, септември и натаму ако се смири здравствената криза.

  • Дали вашата фирма има отпуштено работници?
  • Ни до сега немаме отпуштено работници. Имаме работници на определно работно време, на кои договорите им завршуваат на крајот на февруари. Очекуваме да добиеме финасиска поддршка од најавениот петти пакет од страна на владата. Ако добиеме, работниците ќе ги задржиме на работните места. Доколку не успееме да се квалификуваме поради неисполнување на некој критериум, ќе мораме од 1. март да испуштиме поголем број работници. Значи, владината помош ни е неопходна за да ги задржиме луѓето на работа.

Според најавите и проценките на сопствениците на компаниите, ќе бидат потребни повеќе од шест месеци за нормализирање на нарачките и производството. Тоа би значело дека наредниот период ќе биде период на намалена економска активност. А, тоа би имало голем негативен економски ефект во поглед на намалена профитабилност и ликвидност на компаниите.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.