Под закрилата на музичкиот магнат Sky Music од Белград во текот на март 2021 година ќе започне да функционира голема регионална музичка платформа The Band Book.

Според замислата, платформата има за цел да ги опфати за почеток сите регионални изведувачи на музика, бендови, DJ-и, инструменталисти, YouTube-ри…, кои се занимаваат со музиката, а подоцна да се прошири и на глобално ниво.

На тој начин, откако ќе помине пандемијава, сите артисти на музиката ќе имаат многу подобра комуникација меѓу себе, но исто така ќе им бидат подостапни на сите релеватни институции и организатори, кои имаат потреба од нивниот ангажман.

Освен поврзаноста, бидејќи зад платформава стои Sky Music, предвидена е и категоријата premium, во која, членовите ќе можат да остварат низа повластици од овој голем дистрибутер на професионална музичка опрема и организатор на музичко-сценски активности.

Premium членството ќе значи дека музичарите ќе можат за подобра цена да набават опрема за настап, дека полесно ќе букираат бинска опрема, ќе можат да настапат на некој од ивентите на Sky Music…

Стартот на работата на оваа исклучително важна платформа ќе биде проследено со голема рекламна кампања во регионот – најавуваат од централата на Sky Music во Белград.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.