„Тиквеш“ со преполовена годишна заработка. Минатата година Винарската визба „Тиквеш“ АД Кавадарци оствари нето добивка од редовното работење пред оданочување во износ од 79,42 милиони денари, што претставува намалување за 57,7 проценти во однос на претходнатагодина. Показателите од финансиското работење на визбата се евидентирани во образложението запостигнати резултати во 2020 година објавени на сајтот на Македонска берза.

„Тиквеш“ со преполовена годишна заработка

Во 2020 година во работењето на Винарската визба „Тиквеш“ АД Кавадарци вкупните приходи забележаа намалување од 13,7 отсто. Односно намалување за 240,7 милиони денари. Ова е резултата на намалени приходи генерирани од  домашниот пазар (за 19,6 отсто) и од странските пазари (за 5,7 отсто).

Бруто добивката бележи намалување од 24 проценти. Зголемените трошоци за продажба и маркетинг за 6,3 милиони денари и останатите оперативни расходи за 13,3 милиони денари. Како резултат на овие параметри оперативна добивка е намалена за 61 отсто споредено со 2019 година и изнесува 84,7 милиони денари.

Со одложена отплата на долгорочните кредити, финансиските расходи се намалија за 23,8 милиони денари.

Остварена е нето добивка од редовното работење пред оданочување на износ од 79,42 милиони денари или намалување за 57,7 проценти. Во 2020 година за работењето во 2019 година не беа исплатени дивиденди.

Во 2020 година се остварија вложувања во материјални и нематеријални средства од 64,7 милиони денари.

Бруто приходите во 2021 година се предвидени на износ од 1.876 милиони денари. Тоа во најмала рака би било зголемување од 13,8 проценти споредено со 2020 година.

Во вкупната реализација во обем, домашниот пазар се планира да учествува со 43 проценти додека извозните пазари да учествуваат со 57 проценти. Согласно новонастанатата состојба на глобално ниво со коронавирусот, предвидувањата ќе претрпат промени.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.