Големиот македонски писател Томислав Османли, како и сите во Македонија, со неверување ја примил веста за заминувањето на уште една легенда – големиот Зафир Хаџиманов. Османли два пати се осврнал на делото на Хаџиманов, а последниот пат во чест на антологијата „Како Вардар“…

Напишаното, со дозвола на авторот, го пренесуваме ви целост. Оригинално, на македонски и српски јазик.

***

Томислав Османли

Два пати сум се осврнувал кон творешвото на нашиот Зафир Хаџиманов. Еднаш, многу одамна, како рецензент на неговата топла книга младешки скопски носталгии насловена „Кисело-весело“ објавена во некогашна „Мисла“… и одново, пред неколку години, по негов предлог – за кориците на неговиот ЦД албум „Како Вардар“. Овој втор текст успеав да го пронајдам и еве го поставувам како последно збогум на музичарот, актерот и пријател Зафир Хаиџманов. Светла да му е пловодбата во вечноста.

***

КАЈШТО ВАРДАР СЕ ВЛИВА ВО ДУНАВ...

Хаџиманов, не само кај нас во Македонија, отсекогаш бил едноставно – Зафир. Тoj и е скапоценост како што името му означува, зашто во бујната творечка активност самиот го брусел скапиот камен на своето творештво на толку многу уметнички полиња, почнувајќи од изведувачките уметности, се’ до неговите литературни објави во поезијата на македонски и на српски јазик, но и во прозата, како во книгата сеќавања „Кисело-весело“, за чија македонска објава во престижната „Мисла“ пред многу години го имав задоволството да пишувам силна препорака: Зафир е, имено, дипломиран актер (на престижниот белградски Факулет за драмски уметности) којшто играше во бележити телевизиски и филмски проекти, а далеку пред тоа се појави како enfant terrible на една исклучителна актерска и воопшто изведувачка генерација којашто се најави на, во она време најважниот медиум – на радиото.

Зафир имено, во светот на глумата стапи како момче со своите талентирани настапи, со бележитиот глас и со чистата дискција. Добриот глас, во секоја смисла на тој израз, Зафира и го најави, но и го предодреди во творештвото што му течеше шумно, како водите од најголемата река на неговиот и роднокрајот на неговите претци, онаа река која што, еве, му го отспапува името и на овој музички избор на „Најдоброто од Зафир Хаџиманов“. Би додал уште: на еден од сјајните гласови што потекнуваат од распејаните брегови на Вардар, а се шират и се сакаат и многу подалеку…

Телевизиски, филмски и театарски актер и пејач во маркантни целовечерни музички претстави, но над се’ пејач на едно извонредно музичко наследство по татковата страна, со бележита физичка појава и со раскошна вокална дарба со кои ги пленеше фестивалските и театарски аудиториуми и телевизиските гледалишта, Зафир не престанува да ги интерпретира прекрасните изворни македонски народни песни и, бездруго, сјајните забавни мелодии кои се’ уште се паметат, а не престануваат да се пејат гласум, да се потпевнуваат во себе, и секогаш да шумолат низ реката од топли сеќавања: да дотекуваат како Вардар, за на рацете од копнежот да не’ однесат во некои други, уверен сум, поарни времиња…

Сведен е, а толку речит насловот на овој компакт диск: „Како Вардар“. Зашто дури и кога настапува покрај Дунав кадешто со години веќе живее, неговиот чист, силен и јасен, распеан глас најпластично ја доловува парадоксалната хидрографија на песната, на музиката и воопто на уметничкото творештво со кои Зафри се занимава цели 55 години од својот богат 70-годишне живот: поврзувајќи ги музичките поднебја – и противодно! – на начин што само големите уметници го можат да го остваруваат.

Така, Вардар – скопскиот, тиквешкиот и македонски, со песна се влева во Дунав… и кај Нови Сад (кога таму маестрално ја пееше улогата на Тејвје во „Виолинист на покривот“), но и на белградските крајбрежја во сите негови концерти, сценски и медиски настапи. Тоа необично, нестварно, а сепак реално, многукратно и воедно благородно музичко устие се нарекува Хаџиманов. Едноставно, Зафир. И тече, еве, чујте и тука – Како Вардар…

***

TAMO GDE VARDAR UTIČE U DUNAV…

Hadžimanov je u Makedoniji, jednostavno, oduvek bio – Zafir. On i jeste dragocenost, kako mu i ume označava, jer je u bujnoj stvaralačkoj aktivnosti brusio dragi kamen svog stvaralaštva na tako puno umetničkih polja, počev od izvođačkih umetnosti pa do književnih objava: diplomirani je glumac koji je igrao u beležitim televizijskim i filmskim projekata, a pojavio se далеко пре тога, kao enfant terrible jedne sjajne glumačke i uopšte izvođačke (njegove) generacije koja se najavila na, u ono vreme najvažnijem mediju – na radiju. Zafir je, naime, u svet glume stupio kao dečak svojim talentovanim nastupima i markantnim glasom. Dobar glas je Zafira, u svakom smislu tog izraza, i najavio, i predodredio u stvaralaštvu koje teče bujno, poput voda najveće reke njegovog zavičaja, one koja sada ustupa svoje ime i ovom muzičkom izboru, “Najboljeg od Zafira Hažimanova”. Dodao bih samo: jednom od sajnih glasova koji potiču s raspevanih obala Vardara… Televizijski, filmski i pozorišni glumac, ali iznad svega pevač sjajnog nasleđa po očevoj strani, markantne fizičke pojave, i raskošnog vokalnog talenta kojima je plenio festivalske auditorijume i televizijska gledališta, Zafir ne prestaje da interpretira predivne makedonske narodne pesme i, dakako, sjajne zabavne melodije koje se još uvek pamte, ali i ne prestaju da se pevaju glasom, pevuše u sebi i da, svejedno, šumole po toplim sećanjima… Divan je i tako rečit naslov ovog CD-a: “Kao Vardar”. Jer, čak i kada nastupa na Dunavu, njegov čisti, snažan i jasan, raspevani glas predočava nestvarnu, paradoksalnu hidrografiju pesme, muzike i uopšte umetničkog stvaralaštva kojima se Zafir Hažimanov neumorno bavi celih 55 godina svog bogatog 70-godišnjeg života: povezujući muzička podneblja – i uzvodno! – na način kakav to samo veliki umetnici mogu. Tako, Vardar – skopski, tikveški i makedonski, pesmom utiče u Dunav – i kod Novog Sada (kada je tamo maestralno pevao ulogu Tejvjea u “Violinisti na krovu”), ali i na beogradskim obalama u svim njegovim koncertima i medijskim nastupima. To čudnovato, višestruko i ujedno plemenito muzičko ušće zove se – Hadzimanov. Zafir.
I teče, evo – Kao Vardar…

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.