Три златни медали и две специјални награди за вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ на „Мундус Вини“, најголемиот и најпрестижен германски вински натпревар вината. Од трите златни медали за вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ едно од нив освои и голем златен медал (Grand Gold).

Три златни медали и две специјални награди за вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ на „Мундус Вини“

На ова пролетно издание на „Мундус Вини“ наградени беа црвеното „Terrasse à L’Ombre“ од бербата 2018-та, кое освои голем златен медал (Grand Gold). Признание кое се доделува само на најквалитетните вина, оценети со исклучително висок број на бодови. Истото вино беше прогласено и за најдобро вино од долината на реката Рона, познатиот француски вински регион.

Златни медали освоија и:  црвеното „Domaine Barovo“ од бербата 2018-та, кое воедно беше прогласено и за најдобро вино од Македонија. И белото „Domaine Barovo“ од бербата 2020-та. Додека „Domaine Lepovo Chardonnay“ од бербата 2019-та, освои сребрен медал.

Ова исклучително достигнување е постигнато во конкуренција со 7.300 вина од вкупно 39 држави.

Мундус Вини“ е еден од најпрестижните светски вински натпревари што се одржува два пати годишно, во пролетна и есенска сесија. Вината се оценуваат од меѓународно жири составено од врвни енолози, винари, стручни новинари и сомелиери. Оценувањето на вината се одвива „на слепо“, што значи дека жирито нема информации за карактеристиките или брендот на виното кое го дегустира.

Винарската визба „Тиквеш“ е најнаградуваната винарница во поширокиот регион. Во текот на 2020-та година вината на „Tikveš“ и „Tikveš Châteaux&Domaines“ освоија 130 награди и признанија на реномирани меѓународни вински натпревари

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.