Турски „Пурпласт” ќе гради нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2. За таа намена турската компанија ќе инвестира 12 милиони евра. Првата фаза од инвестицијата, вредна 5,1 милион евра, предвидува вработувања на 40 – 50 лица со почетна плата од 21.000 денар. Повеќето вработени, околу 90 проценти, ќе бидат со средна стручна спрема, а останите 10 отсто со високо образование.

Турски „Пурпласт” ќе гради нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2

Како што беше речено при потпишувањето на Договорот за државна помош во Владата, „Пурпласт” е децениски успешен семеен бизнис од областа на автомобилската индустрија кој извезува во 36 земји.

Изградбата на фабриката во ТИРЗ Скопје 2 е во финална фаза. Tехнологијата е веќе донесена. Додека производството се очекува да почне за помалку од два месеца.

Според Договорот, државата на „Пурпласт” и даде:

  • – 2,5 хектари земјиште по субвенционирана цена,
  • -2,5 милиони евра помош од кои 500.000 готовина и
  • -околу два милиона евра царински и даночни ослободувања.

Станува збор за сериозна компанија со децениска традиција која вработува над 450 луѓе, извезува во над 36 земји во светот. Во новиот индустриски капацитет ќе се произведуваат маски и пластични делови за автобусите на „Ван Хол“, како и за многу други брендови на автобуси и камиони. Првата фаза од инвестицијата предвидува 40 – 50 вработени, а вкупната инвестиција над 200 вработувања. Почетната плата ќе биде над 21.000 денари, а може да достигне до 75.000 денари. Вкупната инвестиција треба да се реализира заклучно со 2026 година.

-До 2028 година се очекува компанијата да оствари три милиони евра приход и 12 – 13 отсто добивка.

Ова лето-старт

Според извршниот директор на „Пурпласт”, Мехмед Шишманоглу, работата ќе почне пред мај годинава, а официјалното отворање на фабриката ќе биде во текот на летото.

Компанијата располага со 26.000 метри квадратни градежно земјиште под закуп од кое во првата фаза на инвестицијата се искористени скоро 50 отсто. Втората фаза се очекува во 2025 година.

-Почнавме со подготовка на земјиштето на 1 јули 2020 и за 7,5 месеци завршивме 75 проценти од изградбата на фабриката. Имаме вкупно 12.000 метри квадратни затворена површина, административната зграда зафаќа 1.600 метри квадратни и е на два ката, додека производната сала е со површина од 10.400 метри квадратни. Нашите нови производствени линии кои ги нарачавме од нашиот италијански снабдувач, веќе пристигнаа, сега се чекаат електрични и механички подготовки за финанално склопување, истакна Шишманоглу.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.