United group ги презема бугарските оператори Net1 и ComNet Sofia. United group, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, постигна договор за 100 постотно преземање на основната главнина на бугарските оператори Net1 и ComNet Sofia.

 

United group ги презема бугарските оператори Net1 и ComNet Sofia

Договорот за преземање беше постигнат покрај аквизицијата на VIVACOM, бугарскиот оператор на United group. Во рамките на United group, компанијата SBB и нејзините услуги EON и Тотал ТВ работат во Македонија, а медиумската содржина ја емитуваат телевизиите и порталите Sport Klub, Nova S и N1.

Net 1 е меѓу водечките оператори во регионот на Софија што обезбедува Интернет и телевизиски услуги, како и интегрирани телекомуникациски решенија за деловни клиенти, вклучувајќи услуги како што се ИТ поддршка, телефонија и видео надзор.

ComNet Sofia е телекомуникациски оператор кој обезбедува новa генерациja Интернет и телевизиски услуги со сопствена оптичка мрежа. Договорот, дополнително ќе ја зајакне позицијата на Јунајтед Груп на пазарот во Бугарија како врвен телекомуникациски оператор и лидер во обезбедување висококвалитетен иновативни Интернет и телевизиски услуги. Трансакцијата се очекува да заврши во вториот квартал на 2021 година.

United Group влезе на бугарскиот пазар во 2020 година со преземањето на VIVACOM, најголемиот телекомуникациски оператор во земјата. Во јануари оваа година, United group ја презеде најголемата бугарска медиумска компанија со повеќе платформи, Nova Broadcasting Group и објави дека постигнала договор за преземање на бугарската новинска компанија Vestnik Telegraf EOOD.

За United group

United Group, со седиште во Холандија, е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Компанијата работи во осум земји и на крајот на 2020 година има приближно 10 милиони корисници и 11 илјади вработени.

United group има најшироко мрежно покривање во регионот и им нуди на корисниците најатрактивен избор на ТВ-содржини од целиот свет. Значителни инвестиции во дигитална инфраструктура, медиумска содржина и технологија, обезбедуваат извонредност на производите и услугите што им ги обезбедува на клиентите.

Од март 2019 година, United group е во мнозинска сопственост на BC Partners, една од најголемите инвестициски компании во светот.

Опсервер: United group ги презема бугарските оператори Net1 и ComNet Sofia

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.