Вабтек МЗТ ја заврши годината со загуба. Имено, Вабтек МЗТ АД Скопје минатата година оствари негативен финансиски резултат, нето загуба по оданочување во износ од 39.430.000 денари. Негативата е резултат  на поголемите финансиски расходи од приходите во изминатата деловна година, објави компанијата во финансискиот извештај на СЕИ Нет на Македонска берза.

Вабтек МЗТ ја заврши годината со загуба

Расходите над приходите

Вабтек МЗТ во деловната 2020 година оствари оперативни приходи во износ од 1.467.343 илјади денари кои бележат пораст од 11 отсто во однос на претходната година. Во структурата на оперативните приходи приходите од продажба на домашен пазар бележат пад од 42 отсто во споредба со 2019 година. Додека приходите од продажба на странскиот пазар бележат зголемување од 12 отсто во споредба со претходната година. Останатите оперативни приходи бележат намалување во споредба со 2019 година.

Вкупните оперативни расходи во 2020 година изнесуваат 1.457.066.000 денари. Тие бележат зголемување за 11 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Промената на вредноста на залихите во пресметковниот период од деловната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на годината, генерира приходна ставка во износ од 35.940.000 денари.

Друштвото оствари оперативна добивка во износ од 9.918.000 денари. Остварената оперативна добивка во деловната година е позитивна, во однос на 2019 година ( а и тогаш беше позитивна).

Финансиските расходи во  текот на изминатата година се поголеми од финансиските приходи од деловната година во износ од 49.348.000 денари. Поради тоа го намалува нето финансискиот ефект од работењето на Друштвото, па друштвото оствари загуба од редовно работење од 39.430.000 денари.

Вабтек МЗТ АД Скопје  минатата година оствари негативен финансиски резултат, нето загуба по оданочување во износ од 39.430.000 денари. Друштвото за деловната 2020 година нема исплата на дивиденда.

Продуктивноста и ликвидноста заробени  од кризата

Вложувањата во недвижности, постројки и опрема во деловната 2020 година изнесуваат 66.149.000 денари. Вкупните обврски по долгорочни кредити на 31.12.2020 година изнесуваат 848.909.000 денари и во однос на претходната година се зголемени за еден отсто. Додека обврските по краткорочни кредити изнесуваат 440.495.000 денари и исто така се зголемени за еден отсто.

Последиците од кризата од Ковид-19, директно влијае на оперативното и производното работење на нашето Друштво како и врз продуктивноста, ликвидноста, наплатата на побарувањата и сл. Доколку дојде до продолжување на кризата Друштвото наидува на размислување и за стратегиски промени во обемот на работа.

Во однос на стратегиските промени главно ќе се практикуваат мерките за заштита. Потоа, прилагодување и подобрување на техничките услови за работењето се со цел да нема прекин во производствениот процес.

Воедно, Друштвото размислува да превземе некои финансиски мерки како што се:

  • -рационализација на трошоците на работење,
  • -промена или целосно одлагање на планираните инвестиции,
  • -мерки за одржување на ликвидноста.

Во однос на човечките ресурси ситуацијата не е променета, освен нормалната флуктуација на кадри и сл. Друштвото ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија.

Вабтек МЗТ АД Скопје продолжува да работи во насока да го подобри производството. Пред се со максимално задоволување на потребите и очекувањата на купувачите и рационализација на трошоците на работење. И секако да ја одржи пазарната позиција со производи на високо и квалитетно ниво со цел да ги исполни планираните активности за 2021 година.

За компанијата

Вабтек МЗТ АД Скопје е произведувач на железничка опрема за сопирање. Започнала со производство на сопирачка опрема за шински возила во 1953 година. Тогаш како дел од комплексот на Металски завод  Тито- Скопје (МЗТ ХЕПОС). Во 2003 година станува компанија со светски истакнат бренд за сопирачки системи  под капата на – италијанската групација ПОЛИ (преземена е од превземено од Polis S.R.L).

Веќе во 2008 г. Станува дел од Westinghouse Air Brake Techologies Corporation (WABTEC),Вилмердинг Пенсилванија САД под името Вабтек МЗТ. Познат светски производител на „high-tech” опрема- подсклопови и компоненти за локомотиви,товарни возови и патнички шински возила. Производствената програма се состои од преку 500 уреди за сопирање со повеќе од 14.000 составни делови што вклучува секаков вид на системи за сопирање и делови за товарната, патничката и локомотивната индустрија. Компанијата располага со светска препознатливост преку своето највисоко ниво на технологија и квалитет.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.