Виена произведува електрична енергија од канализациски отпад. Во Виена, микроорганизмите не се заслужни само за прочистување на водата, туку и за производство на електрична енергија и топлина. Овој пристап е овозможен преку голема еко-централа во една виенска станица за третман на отпадни води, во која се произведува еколошка енергија од канализациската тиња.

 

Виена произведува електрична енергија од канализациски отпад  

„Од оваа година, станицата за третман на отпадни води самостојно генерира енергија потребна за сопствената работа. Па дури произведува и вишок електрична енергија и топлина. Како резултат на тоа, имаме околу 40.000 тони помалку емисии на СО2 годишно. Тоа е количина на штетни материи што одговара на производството на истите од еден автомобил што ќе го сврти  светот 10.000 пати. Заштитата на климата во Виена започнува од тоалетот “, вели Јирген Чернохорски, член на Владата за клима, животна средина, демократија и персонал.

Ефикасен проект

Со новата еко-електрана, пречистителната станица е претворена од еден  најголем потрошувач на енергија во градот во енергетски ефикасен проект. Еко-централата во станицата произведува до 78 GWh електрична енергија годишно. Тоа е еквивалентно на просечната потрошувачка на 30.000 виенски домаќинства. Околу 80 проценти од произведената електрична енергија ја користи само централата, додека вишокот се внесува во електричната мрежа во Виена.

Производството на енергија функционира така што загадувачите кои се отстрануваат за време на прочистувањето се врзуваат со канализациската  тиња. Задебелената тиња потоа се загрева до 38 Целзиусови степени. Поради недостаток на воздух, бактериите ги разградуваат органските компоненти на тињата. За време на 25-дневниот процес на распаѓање, се произведува канализациски гас, што до 2/3 е Метан (CH4).

Преработената тиња, односно талогот од неа подоцна се запалува, а добиениот гас понатаму се користи како гориво за големи гасни мотори. Така се создава не само механичка енергија која се претвора во електрична енергија, туку се создава и топлина што може да се користи за греење.

Виена континуирано работи на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Така, соларните панели се поставуваат на покривите, фасадите, sидовите и на површините на други електрани.

Во градската  станица за прочистување на вода секоја секунда се слеваат над 6.000 литри отпадна вода. Додека во текот на денот над 100.000 килограми загадувачи се отстрануваат од отпадните води. Обработката на талог од отпадни води и помага на Виена да ја постигне целта на климатско неутрален град до 2040 година.

 

Кај нас

Ова секако е добар пример, што можеби ќе наиде на интерес – да се разгледа и уште повеќе да  се вклучи еден ваков проект во владината програма за „енергетска транзиција“ во Македонија?

Суштината на енергетската транзиција е производството на електрична енергија од јаглен да се замени со производство на електрична енергија од ОИЕ.

-Енергетска транзиција во Македонија е неопходно да се развива чекор по чекор, сметаат голем дел од инволвираните структури во земјава.  Но колку може да  се развива производство на електрична енергија од сонце, вода и ветер, со која динамика и со колкав капацитет и инвестиции? Одговорот: најоптимално за развојот на земјата е – зеленото сценарио во ажурираната Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година .

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.