Во 2020-та година продажбата на винили е зголемена ширум светот, а на некои места дури и винилот го надмина досега популарното CD. Американската асоцијација на дискографска индустрија (РИАА) објави годишен извештај според кој стримингот се зголемил за 13,4 проценти и заработил 10,1 милијарди долари. РИАА објави дека стримингот расте во последните 5 години.

Продажбата на винил исто така расте за 29,2 проценти, заработувајќи 619,6 милиони долари. Поради сето ова, продажбата на кмпакт-дискови падна за половина процент, како и преземањето музика, кое што падна за 18 проценти.

Еве како е кај нас, во нашиот вилает. Во регионот. Бидејќи во Македонија статистика и слични форми на анализа, одамна не постои…

Ваквата статистика во Хрватска се прави од 2018 година, а се заснова на податоци за продажба на винили од сите продажни места во Хрватска. Оваа топ-листа е уште еден показател дека Хрватска дискографска удруга редовно ги следи светските и домашните трендови во музичката индустрија и ги спроведува своите активности врз основа на релевантни и тековни настани.

Според податоците на ХДУ, најпродаван албум во Хрватска е деби-албумот на Time, музичко ремек дело. Со оглед на тоа дека издавачот на албумот „Croatia Records“ ги дистрибуира изданијата во целиот регион, тоа би значело дека Time се и регионални шампиони!

Наградуваниот албум на Time е снимен и издаден во 1972 година, а во тоа време тие беа иницијатори на прогресивниот рок на домашната сцена и иноватори на истиот звук. Подоцна, истиот албум доби статус на еден од најдобрите албуми на домашната продукција и стана задолжителна лектира за многу претстојни музички сили.

Првиот човек на „Croatia Records“ – Желимир Бабогредац е најзаслужен за тоа што албумот на Time е повторно објавен на винил.

Toj се присети на првата концертна средба која ја имаше со членовите на Time:

„Одлична вест е што во 2020 година, во луда година, најпродаван винил e винилот на Time. Како студент од Загреб, имав среќа да присуствувам на нивниот прв концерт во Студентскиот центар, на првиот ден од пролетта 1972 година. Кога се отворија вратите на студентскиот центар, помисливме дека сме на Месечината….“

Останато е легенда која трае повеќе од половина век.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.