Виталиа- лидер со големо срце. Современиот начин на живот ја наметнува потребата од здравата храна, како основа во дневната агенда на урбаниот човек соочен со предизвиците на новото секојдневие.

Виталиа- лидер со големо срце

Горди сме што во нашата земја имаме бренд, кој повеќе од 27 години, здравата исхрана ја постави како приоритет. Виталиа е нашиот амбасадор, најуспешната компанија во оваа категорија, со застапеност на својата програма во повеќе од 55 земји во светот и со белег на секој производ со знакот „Made in Macedonia“.

Успехот на брендот се должи на лојалноста на задоволните потрошувачи, кои во производите на Виталиа препознаа пријател на нивното здравје, особено денес, во услови кога светот се соочува со последиците од пандемијата. Фокусот е ставен на програмата на Виталиа за зајакнување на имунитетот, со имуно пакети и суплементи, како посебна категорија со грижа за корисниците.

Континуиран раст

Само минатата година, во услови на пандемија, Виталиа ја зголеми својата производна програма со бројни иновации и нови продукти, со што забележа раст од 13 отсто на македонскиот пазар и над пет отсто на глобалните пазари. Воедно својата лидерска позиција ја зацврсти со проширување на позициите и до 80  отсто market share, со што се издигна на листата на премиум бренд со најдобар резултат и апсолутен успех.

Со изградбата на нов објект од 1000 м2, компанијата го продолжува трендот на инвестиции во развојните активности за проширување на капацитетите, со што во иднина се отвараат нови можности за зголемено производство и извоз на меѓународните пазари.

Иновација и функционалност, без компромис на вкусот

Виталиa се посвети на потребите на различни популациски групи и само минатата година претстави повеќе од 20 иновативни и функционални производи меѓу кои и : КЕТО за дијабетичарите, Протеински барови за спортистите, овесни снегулки за традиционалните консументи, но и производи за младите и трендсетерите: путерот од кикирики и Imagine баровите.

Програмата Imagine bars донесе свежина и предизвик на вкусот со блискост на имагинацијата и веднаш стана хит кај младата популација.

Гранола муслите и барови без додаден шеќер докажаа дека во слатките вкусови можете да уживате без грижа на совест, добивајќи го најдоброто!

Помеѓу фаворитите на Виталиа се истакнува и програмата за КЕТО – здраво слабеење, но и јакнење на имунитетот. Предложениот програм ја потенцираше потребата од промената во пристапот кон промените, со внесување на здравите навики.

Големото срце на Виталиа

Мисијата на Виталиa е поврзана и со многу хуманост за поддршка на бројни семејства и поединци на кои им е потребна помош. За таа цел минатата година, кога пандемијата беше во полн ек, беа организирани акции за донација на над 5 тони храна и здрави продукти, и тоа не само во нашата земја, туку и во земјите од регионот како Србија, Црна Гора и Босна. Виталиа донираше и материјали за Covid болниците во регионот, како и заштитни средства за медицинските работници.

Компанијата особено е горда на донацијата на таблети за децата од загрозените семејства во општина Гази Баба со цел непречена онлајн настава и тек на образовниот процес.

Следејќи го патот на успехот на Виталиа, како компанија со лидерска позиција во регионот, препознаваме дека за нив секој нов предизвик е поттик за нови успеси, иновации, креативност, но и хуманост, кои сплотени заедно создаваат резултат со кој подоцна сите ќе се гордееме.

 

Комерцијален текст

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.