„Витаминка“ со намалена добивка. Компанијата лани оствари добивка од 24.524.000 денари. Таа енамалена во однос на добивката од 2019 кога изнесувала 30.023.000 денари, објави компанијата во образложението преку Македонска берза.

„Витаминка“ со намалена добивка

Раст на приходите за два отсто

П.И „Витаминка” АД Прилеп финансиското работење во 2020 година го оценува како позитивно. Остварените единечни вкупни приходи во 2020 година изнесуваат 2.563.700.000 денари и во споредба со остварените во 2019 година бележат пораст од  два отсто. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98 отсто, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги  од основна дејност,  кои во споредба со остварените во 2019 година бележат пораст од два проценти.

Остварените единечни вкупни расходи во 2020 година изнесуваат 2.548.605.000 денари и во споредба со остварените во 2019 година бележат раст од еден процент. Растот  на вкупните расходи е во корелација со оперативното работење за  2020 година.

Инвестиции и обврски

Вкупните инвестиции во основни средства во 2020 година изнесуваат 138.480.000 денари. Генерално инвестицијата се однесува на купувањето на опремата и градежно адаптирање.

Вкупните единечни обврски по  долгорoчни кредити на 31.12.2020 година изнесуваат 1,033,069.000 денари. Тие во споредба со крајот на .2019 година кога биле   од  789. 977.000 денари  бележат зголемување од 31  процент.

 Општествена одговорност

Во 2020 година во П.И “Витаминка” АД Прилеп не се реализирани дополнителни  нови вработувања.  Но затоа пак компанијата како општествено одговорна кон заедницата реализираше донации во две здравствени установи во Прилеп.

За ЈЗУ Општа болница Борка Талески Прилеп донирани се парични средства за инсталирање на систем за централни гасови односно за довод на кислород, што е неопходна нега при третмани на хоспитализирани со Ковид-19.

А исто така во ЈЗУ Здравствен дом Прилеп донирани се 400 брзи антиген тестови кои го детектираат вирусот Сарс-Ков-2.

Во знак на благодарност за максималната пожртвуваност и посветеноста на борбата против ковид-19 пандемијата, „Витаминка“ испрати донација до здравствените лица и вработените во две здравствени установи во земјава. Донирани се пакети производи од компанијата за сите 255 вработени на Инфективната клиника во Скопје. А, исто таква донација е доставена и за 36 вработени на Инфективното одделение во прилепската болница.

„Витаминка“ не се штедеше и во тешките моменти на народот во Хрватска. Испрати  хуманитарна помош на граѓаните кои  подолго време се соочуваа со земјотреси и последиците од тоа.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.