Влада Дивљан, легендарниот водач на „Идоли“, не е заборавен. Концертот за неговите љубители ќе се одржи во белградски Коларац, во недела на 7-ми февруари, во 19 часот.

Бендот (Не)нормални ќе свири песни од сите периоди на кариерата на Влада, како и најголемите хитови на групата „Идоли“.

За оваа пригода, како гостин на вечерта, на бас гитара ќе засвири Зденко Колар, член на легендарните „Идоли“ и човек кој го придружуваше Влада во текот на речиси целата негова кариера.

Влада и Зденко прво беа комшии, па другарчиња и најпосле соработници во музиката.

Покрај Зденко, на сцената на Коларац ќе застанат Бојан Глувајиќ, од бендот „Ничим изаван“, како и Сара Вученовиќ (виолончело), Љ​уба Миодраговиќ (укулеле), Урош Томовиќ (пијано).

Патем, (Не)нормалните го завршуваат својот втор авторски албум, и на концертот ќе можат да се чујат и неколку нивни песни.

Ова е дел од атмосферата од минатогодишниот концерт во чест на Влада Дивљан.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.