Уште една книга од перото на музичкиот археолог Тошо Филиповски ја здогледа светлината на денот.

Станува збор за монографијата „Македонски рок времеплов“, објавена денес како издание на Corpus Delicti Records во 500 примероци.

Книгата на Филиповски претставува луксузно издание со приближно 400 страници. Жанровски има се – rock, jazz, blues, electronic, hip hop, world music, pop-rock, punk, heavy metal, reggae, ska…

– Во времепловот се запишани/опишани или само споменати, концертни настани, родендени, објава на изданија, списанија, фанзини, интересни случки, промоции, смртни случаеви…, Се она што ја чини македонската рок сцена.

За сите 366 дена во годината се забележани околу 1500 настани, со повеќе од 1000 фотографии – вели Филиповски, и дополнува.

Не е опфатено се, дури е далеку од тоа, ама е убаво кога барем дел е забележано. А останатото, во некоја следна прилика!

Во изминативе години, Филиповски се покажа како исклучително посветен публицист кој со долгогодишно искуство во промоција на македонската музичка сцена веќе објави две значајни книги – „Македонска Рок Екциклопедија“ и „Македонска дискографија – винили“.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.