Во САД се очекува најголемото купување на акции во историјата. Вол Стрит очекува доспевање на неколку милијарди долари свеж капитал во текот на оваа недела. Средствата, треба да ги вбризгаат малите инвеститори, откако на нивните сметки ќе им „легнат“ парите од пакетот економски стимулации.

Во САД се очекува најголемото купување на акции во историјата

Компанијата „Vanda Research“ оценува дека малите инвеститори може да купат акции за три милијарди долари, откако на Американците ќе им бидат префрлени 1.400 долари по лице од пакетот на претседателот.

Во тој случај, дневниот промет би се зголемил за 1,5 милијарди долари во однос на просекот од последните неколку месеци. „Тоа ќе биде убедливо најголемо дневно купување на малите вложувачи досега“. Смета Ерик Лиу, директор за истражување на „Vanda Research“, за „Фајненшл тајмс“.

Една третина од стимулациите ќе завршат во акции

Дојче банка неодамна процени дека малите инвеститори со сметки на платформите за онлајн трговија ќе инвестираат повеќе од една третина од стимулациите во акции. Со текот на времето, тоа би исфрлило 170 милијарди долари на американската берза.

Овие проценки добро ја отсликуваат состојбата за значејнето на малите инвеститори на најголемата светска берза. „Тоа е група која не вложува стимулации во реалната економија, туку во акции“, објаснува Ендру Слимон, постар менаџер во компанијата „Морган Стенли Инвестмент Менаџмент“.

Приливот на капитал на малите инвеститори, како и бројот на отворање на нови брокерски сметки, нагло се зголемија откако парите од минатогодишните пакети со економски стимулации „легнаа“ на сметките на граѓаните.

Така, во март 2020 година, сумата што малите инвеститори ја потрошија на акции скокна за 838 милиони долари над вообичаените нивоа. Кога дополнителниот пакет беше одобрен во декември, приливот на капитал се зголеми за 381 милиони американски долари над просекот.

Деловниот дневник потсетува дека претседателскиот пакет на стимулации на САД од 1,9 илјади милијарди долари е најголемиот износ на директна економска помош за Американците од почетокот на пандемијата. Аналитичарите сметаат дека помладите инвеститори ќе го водат овој бран на берзата.

Истражувањето на Дојче банка покажува дека две третини од инвеститорите на возраст под 34 години планираат да потрошат дел од стимулативниот пакет за купување акции. Во групата постара од 55 години, се планира да се трошат бесплатни државни пари за помалку од една четвртина.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.