Во Сараево доделени наградите „Европски  нај менаџер “ за 2020 и личност на годината. Овогодишната 42 манифестација за прогласување на Европски нај менаџери се одржа минатата недела (17. Февруари). Според Пане Шкрбиќ, директор на Дирекција на Европска независна агенција од Зеница, манифестацијата за првпат се организира комбинирано, онлајн и во „живо“.  Церемонијата преку Интернет ја  отвори почесениот член на Управниот одбор на Агенцијата Најменаџер, поранешен претседател на Хрватска, Стипе Месиќ.

Во Сараево доделени наградите „Европски нај менаџер“

– Европската независна агенција од Сараево, односно европското жири на оваа агенција и Европската асоцијација на менаџери од  Зеница и списанието EUROMANAGER меѓу другото, доделија 12 љубилејни награди  „За животно дело“ на успешни деловни луѓе кои континуирано работат на подрачјето на југоисточна и средна Европа во последниве 30 години, вели Шкрбиќ, претседателот на оваа традиционална европска манифестација, што се одржува во Сараево веќе неколку децении. Манифестацијата се одржува со цел да се промовираат луѓето кои создаваат добро и за себе и за својата околина.

ТОП 12 европски менаџери за животно дело

Наградата наречена ТОП 12 ЕВРОПСКИ МЕНЏАЕРИ им беше доделена на менаџери и личности кои со децении континуирано создаваат исклучителен бизнис, а со тоа влијаат на подобрување на целокупниот живот за нивната околина, за земјата и за регионот. Сите тие се и претходни добитници на награди од ова жири.

Оваа најголема награда годинава ја примија:

  1. Зоран Јанковиќ, Љубjана, Словенија, градоначалник
  2. Душан Перовиќ, Термовент Комерц, Белград, Србија
  3. Милорад Крстиќ, Германија, бизниси во повеќе земји
  4. Жарко Радуловиќ, Montenegro Star, Hotel Splendid, Црна Гора,
  5. Илија Студен, Група Студен, Австрија
  6. Дејан Љевнаиќ, ОЦ Јахорина, БиХ,
  7. Михајло Михајловски, Северна Македонија
  8. Един Дачиќ, Швајцарија, деловни активности во неколку земји
  9. Томислав Антуновиќ, Хрватска
  10. Маринко Умичевиќ, Бема Бања Лука, БиХ
  11. Фахрудин Салиховиќ, Пивара Тузла, БиХ
  12. Сњежана Копрунер, ТМТ Травник, БиХ

Личност на годината на Европа е претседателот на Албанија, Илир Мета

Европското независно жири и овој пат  прогласи „Европска личност на годината“, меѓу претседателите и премиерите на земјите од Југоисточна и Централна Европа. Европска фигура во 2020 година е Претседателот на Република Албанија, Илир Мета.

Личност на годината меѓу високите претставници од Босна и Херцеговина, според европското жири, е членот на Претседателството на БиХ,  Жељко Комшиќ.

Наградата за наука 

На манифестацијата беа доделени и специјални награди.  Нграда за наука и за најдобар новинар. Доделувањето на специјални награди и признанија на церемонијата, заради актуелноста, започна со награди за медицина и наука и награда за информации. Наградата за наука му беше доделена на проф. д-р Иван Ѓикиќ. За најдобар новинар е прогласен Сенад Хаџифејзовиќ. Во исто време, ТВ ФЕЈС беше прогласена за најдобра телевизија.

Наградата за најдобро радио ја доби РСГ радио и сопственикот Аднан Османагиќ.

Европски градоначалник  за 2020 е Ибрахим Хаџибајриќ

За Европски градоначалник, во конкуренција на 107 градоначалници од повеќе земји, е прогласен градоначалникот на Општина Стари Град Сараево, Ибрахим Хаџибајриќ, за извонредни заслуги за развојот на општината Стари Град и за регионална, културна и пријателска соработка со други општини, градови и држави.

Во областа на водоснабдувањето, наградата ја доби Регионалниот водовод на Црна Гора, чиј директор е Горан Јевриќ.

Ибрахим Хаџибајриќ- европски градоначалник на Општина Стари Град Сараево

Во областа на инвестициите, Вања Вукојичиќ од компанијата WEISS LIGHT Pale е прогласен за најдобар млад менаџер, додека Аура осигурување, односно  Ален Капковиќ ја однесе наградата за најдобра осигурителна компанија.

Досега наградата ја примиеле околу 550 поединци и компании. Од нив 400 менаџери, 25 претседатели на држави и влади, 27 амбасадори, 40 министри, 25 научници како и компании од областа за информирање, спортисти и спортски работници.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.