Водата како берзански ресурс на Wall Street-  опасност за човештвото. Водата нема цена, водата значи живот – многумина мислат така. Но, ако се праша Wall Street, сè има своја цена, дури и ресурсот што живот значи. Азиз Шуње, професор на Сараевскиот економски факултет, смета дека не е памето да се тргува со вода на берзата.

Водата како берзански ресурс на Wall Street -опасност за човештвото

На почетокот на декември минатата година, водата во Калифорнија стана берзански предмет на трговија на Wall Street, соопштија тогаш од светската берза на финансиски деривати „CME“. Финансиските деривати се објаснуваат како средства за заштита од пазарни ризици. А, во овој случајот со водата како берзански ресурс ќе се тргува со договорите за вода, преку кои се обврзува испорака по одредена цена во иднина.

Купувачот на договорот е должен да купи вода во овој случај на претходно утврден ден, а продавачот е должен да ја продаде. Двете страни се обврзуваат на стандардна количина по идна цена договорена за време на купувањето.

Застапниците на оваа одлука уверуваат дека земјоделците и локалните власти ќе се заштитат со вложување во достапноста на вода во Калифорнија. Тие тврдат дека на овој начин подобро ќе се управува со овој ресурс. Меѓу другото,  големите потрошувачи на вода, како што се производителите на бадеми или енергетски компании, наводно ќе бидат заштитени од флуктуации на цените.

Во последната година, цената на водата во Калифорнија е двојно зголемена, а првите договори беа објавени во септември 2020 година, кога избувнаа пожари на западниот брег на САД. Станува збор за пазар вреден 1,1 милијарда долари.

„Водата како трговска стока може да биде опасна“

Водата како берзански ресурс на Wall Street може да претставува опасност. Професорот Шуње предупредува дека водата на берза може да значи „вода за најбогатите“.

„Водата и воздухот се најскапоцените ресурси – без тоа, луѓето не можат да преживеат. Она што го прави Волстрит е берзански. Сето тоа се прави заради профит и не се води сметка за општо добро. Волстрит е со своја логика и секогаш опасен. Ова покренува проблеми од глобални размери. Водата е ресурс што треба да биде јавно добро. Сигурно е дека во иднина ќе има проблеми со водата за пиење. Ако водата стане трговска стока во рацете на Wall Street, тогаш тоа може да биде опасно “, забележува професорот.

Тој потсетува дека во многу делови на светот има недостаток на вода за пиење. Со климатските промени и загадувањето на животната средина, овој проблем веројатно ќе биде поизразен. За него, третирањето на водата како стока е исто како и третманот на воздухот како стока.

„Кој знае што може да им падне на ум на корпорациите, кои управуваат со водата. Како би можеле да манипулираат со водата“, вели професорот. Тој  смета дека треба за секој човек на планетата да се создадат услови да има пристап до вода за пиење.

Водата – уставно право

Како што вели Шуње, ако на Wall Street му се дозволи да ги преземе работите во свои раце по ова прашање, може да се случи овој ресурс да биде достапен само за најбогатите.

„Само погледнете ја силата на корпорациите. Тие се оттргнати од какви било прописи. Погледнете како се однесуваат Фејсбук, Гугл и Твитер сега. Таквите работи мора да се регулираат на глобално ниво. „Обединетите нации и нејзините агенции не треба да дозволат такво нешто“, дециден е Шуње.

Тој предупреди дека ова може да  предизвика големи проблеми.

„Ако се тргува со вода, тогаш корпорациите ќе ги уценуваат земјите. Тие може и нас да не поробат затоа што имаме многу вода “, потенцира тој.

Професорот Шуње е меѓу оние кои ја поддржуваат идејата дека правото на вода мора да биде заштитено со устав. Словенија веќе направи нешто такво. Пример што треба да го следат и другите балкански земји.

„Со јавните добра мора да управува државата. Тие мора да бидат под контрола на општеството. Може да биде многу опасно доколку јавните добра се контролираат од приватен бизнис кој обично е бескрупулозен. Неопходно е да се создадат предуслови за негово управување со квалитетот во јавниот сектор. Сето ова покажува дека светот е мал и дека ова треба да се регулира на глобално ниво“, заклучи Азиз Шуње, професор на Економскиот факултет во Сараево.

ОН проценија дека во следните неколку години, две третини од планетата ќе доживеат недостиг на вода, пишува Блумберг. Како причини се наведуваат прекумерната човечка и индустриска потрошувачка и климатските промени, пренесува Klix.ba.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.