Големиот црногорски сликар Војо Станиќ, еден од најголемите уметници во овој дел на Европа, го прослави својот 97-ми роденден.

Тој не може да замисли ден без кратко еспресо, чаша црвено вино и луле во „Наутика“ и „Станица“ на Шквер во Херцег Нови. Тој многу ретко дава интервјуа. Кога ќе се согласи да разговара со новинарите, зборува искрено и духовито. Еднаш изјави дека не сака да зборува многу, затоа што слика за да не зборува.

– Отпрвин ми пречеше тоа што не го знаев, а сега дури и повеќе ме вознемирува тоа што го знам! За среќа, се развив многу бавно и уживав во незнаењето подолго време – рече пред девет години Војо Станиќ, легендарен сликар и академик.

– Немам зошто да го славам мојот роденден. Родендените се слават кога сте млади, а не кога имате сто години. Се срамам од тоа колку години имам, иако никогаш не сум ги криел – рече Војо во негов стил, кога наполни 95 години “.

Наводно, кога зачекорил во десеттата деценија од својот живот, тој му рекол на еден од неговите пријатели дека „решил да живее до крајот на животот“.

За „Политика“ пред некоја година ги сумираше изминатите децении, но на свој начин:

– „Мојот живот, да бидам искрен, е разубавен со таканаречени грди настани. Значи, ако имам среќа, ќе живеам долг,о додека не умрам, а после тоа ќе бидам мртов милијарда години. Затоа не брзам кон тој свет, а особено не во рајот, затоа што, во пеколот, веројатно се случува сè што е забрането. Па, и сите мои пријатели ме чекаат таму“.

Војо Станиќ е член е на Црногорската академија на наука и уметност. Добитник е на бројни награди и признанија за неговото богато сликарско дело. Има безмалку 80 ​​самостојни и повеќе од 150 групни изложби. Покрај самостојните изложби во Белград, Подгорица, Осло, Рим, Нови Сад, Цетиње, Мотуван, Херцег Нови, Болзано, Сомбор, Свети Стефан, Берлин, Загреб, тој ја претставуваше Југославија со своите дела на Биеналето во Венеција во 1996 година.

Настаните во сликите на Станиќ често се случуваат на Медитеранот, а ликовите во нив се обични, мали луѓе. Тој можеше да избере каде да живее, и сепак избра да се врати во својата Црна Гора.

На една од првите изложби на Станиќ во Белград, славниот сликар Миќа Поповиќ, воодушевен од она што го виде, сакаше да купи една од изложените слики. Војо го одби со зборовите:

– Не доаѓа в предвид. Ако ти се допаѓа, дојди кај мене во Херцег Нови, и насликај го сам, сè може да се види од мојот балкон“.

Војо Станиќ во долгиот живот се дружеше со Милован Ѓилас и со Иво Андриќ, а исто така го истакнува своето пријателство со Емир Кустурица.

На времето режисерот сакал да купи една од неговите слики, која му го привлече вниманието на изложбата на Свети Стефан.

Сликата најпрвин сопругата на Војо, Нада, не сакала да му ја продаде, а подоцна, кога ја кандисал, му кажала висока цена.

Една вечер, набрзо по настанот, доаѓа Кустурица со пари во рацете и ѕвони на нивните порти. Кога му отвориле, кажа: Јас морам да ја имам таа слика.

Се работи за познатото дело на Станиќ – „Лучка свадба“.

– И си подадевме рака еден на друг. Рацете кои никогаш нема да бидат отпуштени. Тоа пријателство е вечно – вели Војо.

На денот кога го прославува својот 97-ми роденден, Станиќ вели:

– Го сакам животот и жал ми е што ќе умрам. Ако тоа ми се случи воопшто, a му се чини дека ќе се случи. Иако, јас секогаш велам дека нема да одам никаде. Сè што се гледа и се слуша, трае вечно.

Војо Станиќ беше голем пријател со легендарниот кантавтор Арсен Дедиќ, а неговата слика „Дуети – дуели“ го разубавува еден од албумите на славниот музичар. Исто како и првиот албум на Кустурица и No Smoking Orchestra.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.