Вредноста на Нетфликс порасна за 85 милијарди долари за една година, а приходите се зголемија за 23 проценти во услови на пандемија.

Нетфликс оствари раст на своите приходи и бројот на претплатници во последната година. И тоа  како последица на фактот што милиони граѓани останаа затворени во своите домови, а на кои им требаше дневна забава.

Вредноста на Нетфликс порасна за 85 милијарди долари

Откако заработката на компаијата Q4 2020 откри дека стриминг гигантот за прв пат погоди над 200 милиони претплатници, скокнаа и акциите на Нетфликс. А тоа доведе до импресивен раст на пазарната вредност.

Според податоците обезбедени од TradingPlatforms.com, пазарната вредност на Нетфликс скокна за 85 милијарди долари во однос на претходната година, достигнувајќи 225 милијарди долари минатата недела.

Приходите скокнаа за 4,8 милијарди долари среде локдаунот од КОВИД-19

Нетфликс имаше корист од оние што останаа дома. Врз таа основа се зголеми растот на корисничката база, приходите и цената на акциите.

Во јануари 2020 година, комбинираната вредност на акциите на Нетфликс беше 148,6 милијарди долари, откриваат податоците на YCharts. Откако скокна на 170,1 милијарди долари во февруари, пазарната вредност на компанијата падна на 140,3 милијарди долари во март.

Меѓутоа, статистичките податоци покажуваат дека акциите на Нетфликс брзо се одбија од пазарна вредност која достигна 191,8 милијарди долари во јуни. А тоа е зголемување од околу 40 проценти за три месеци. Трендот на раст продолжи до крајот на годината. A, комбинираната вредност на акциите на Нетфликс скокна на речиси 230 милијарди долари во декември. Toa е зголемување за 81 милијарда од почетокот на годината.

Во јануари, акциите на Нетфликс достигнаа врв на сите времиња. Откако компанијата објави во извештајот за заработка Q4 2020 дека размислува за откуп на акции и надмина 200 милиони претплатници за прв пат, нејзините акции скокнаа скоро 20 проценти за еден ден. Тоа е најголем скок од 2016 година, додека пазарната вредност скокна на скоро 260 милијарди долари.

Иако февруари и март лани беа сведоци на благ пад на пазарната вредност на 225 милијарди долари, тој сепак претставува раст од 60 проценти во однос на минатата година.

Една деценија импресивен раст

Netfliks објави приход од скоро 25 милијарди долари во 2020 година, во однос на 20,1 милијарда долари во 2019 година. Со тоа го продолжи импресивниот годишен раст што компанијата го уживаше во текот на изминатата деценија. Корисниците од Северна Америка генерирале повеќе од 45 проценти од таа вредност или 11,5 милијарди долари, во споредба со 10 милијарди долари претходната година.

Приходите остварени во Соединетите Држави и Канада се 50 проценти повисоки од износот од Европа. И  за повеќе од три пати поголеми од приходите остварени во Латинска Америка. Сепак, компанијата исто така беше сведок на импресивен раст на приходите од азиско-пацифичкиот регион, надминувајќи  две милијарди долари за прв пат.

Извештајот за заработка на компанијата за 2020 година откри дека гигантот за видео-стриминг имал вкупен нето приход од 2,76 милијарди долари во 2020 година или 48 проценти повеќе отколку во 2019 година.

Скоро 37 милиони нови претплатници во 2020 година

Netfliks додаде 36,6 милиони претплатници во 2020 година, што е најголем пораст за една година. Причина за тоа беше затворањето на луѓето дома.

Во четвртиот квартал на 2019 година, платформата за видео-стриминг имала 167 милиони претплатници ширум светот. Во следните шест месеци, оваа бројка скокна на 193 милиони и продолжи да расте. До крајот на декември минатата година, бројот на претплатници на Нетфликс скокна за уште 10 милиони, достигнувајќи 203 милиони на глобално ниво.

Повеќето претплатници, или скоро 74 милиони, се од САД и Канада. Додека Европа, Блискиот исток и Африка се рангирани како втор по големина пазар на Нетфликс со 66,7 милиони претплатници.

Потоа следат Латинска Америка и Азија Пацифик со 37,6 милиони и 25,5 милиони претплатници на Нетфликс, соодветно.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.