Заврши снимањето на екранизацијата на култното дело на големиот српски писател Добрица Ќосиќ – „Време зла“. Во тек е постпродукција, а публиката првите епизоди треба да ги види веќе од есента. Продукцијата имаше 111 дена за снимање…

– Ова е секако најголемата работа што ја направи продуцентската куќа „Eye to Eye“ и веројатно еден од најголемите проекти во последните години во Србија, по амбиција, по начинот на кој се реализираше, според важноста на темата со која се занимававме, според актерската екипа – вели Горан Шушљик, творец на серијата, актер и извршен продуцент, дополнувајќи – Серијата „Време на злото“ ги надмина нашите очекувања!

Првата клапа падна во август минатата година, а последните сцени беа снимени во декември. Некои,пак и во јануари. Приказната „врти“ околу членовите на семејствата Катиќ, Луковиќ и Драговиќ, базирана на романите на Добрица Ќосиќ од трилогијата „Време на смртта“ („Верникот“, „Грешникот“ и „Отпадникот“)…


Актерската екипа е импозантна: Членовите на семејството Катиќ ги играат Жарко Лаушевиќ (Вукашин), Нада Шаргин (Милена), Радован Вујовиќ (Иван), Андреј Шепетковски (Адам), Јована Балашевиќ (Вера).

Во улогите на членови на семејството Луковиќ се Небојша Дугалиќ (Бора Пуб), Наташа Нинковиќ (Душанка), Павле Менсур (Мишко Пуб), Исидора Симијоновиќ (Наѓа), Горан Богдан го игра Богдан Драговиќ и неговиот брат Владимир – Павле Чемеркиќ.

Во серијата се појавуваат и неколку историски лица, како што се принцот Павле Караѓорѓевиќ (Сергеј Трифуновиќ), Слободан Јовановиќ (Воја Брајовиќ), управителот на логорот на Бањица – Светозар Вујковиќ (Борис Исаковиќ) и младиот Добрица Ќосиќ (Урош Јовчиќ).

Главниот тек на серијалот се базира на романот „Верник“, а низ сеќавањата се влегува и во книгите „Грешник“ и „Отпадник“. Серијата е снимена во Белград, но и на повеќе локации низ Србија…

Дејството ги следи настаните од периодот по Првата светска војна и завршува во времето на падот на Ужичка Република во 1941 година, каде има масовни сцени.

– Самиот роман завршува со Ужичка Република и последните снимки се, всушност, бегство. Ужичка Република се распаѓа, нацистите влегуваат, а народот и Народно-ослободителното движење заминуваат… Тука завршува романот и завршува серијата – вели Шушљик.

Во сериите се појавуваат и комунисти и десничари, партизани и четници, но серијата не е идеолошки обоена на кој било начин.

Ќосиќ го заврши романот во осумдесеттите и целата работа подоцна ќе го има својот крвав расплет на нашите простори. Но, тој е прилично објективен и се занимава со фаталноста на идеологијата кон поединецот, а и пошироко, кон општеството, кон заедниците, народите… Кон сè…


Ќе има вкупно 15 епизоди од по 60 минути, а тоа се како седум сериозни филмови – велат од продукцијата. Таму напорно се работи, а првите епизоди на „Нова С“ телевизија ќе се емитуваат на есен.

Се шушка дека после ова креативната екипа подготвува да работи уште едно генијално дело на Ќосиќ – „Време на смртта“!

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.