Корпорацијата „Орбитал Асембли“ неодамна откри нови детали за својот амбициозен проект, вселенскиот хотел „Војаџер“ – првата вселенска станица со вештачка гравитација подигната во ниската орбита на Земјата, и која ќе може да прими 400 „гости“.

Корпорацијата „Орбитал Асембли“ е основана со цел колонизирање на вселената. Неодамна организираа презентација за привлекување потенцијални инвеститори, маркетинг партнери и ентузијасти кои се надеваат дека еден ден ќе резервираат соба на станицата „Војаџер“.

Идејата за изградба на првиот вселенски хотел не е нова. Џон Блинков ја основал фондацијата „Гетвеј“ во 2012 година со цел организирање и лансирање на идната индустрија за вселенска конструкција, пред се на проектите на комерцијалните вселенски станици „Војаџер“ и „Гетвеј“ – „како прв чекор во колонизацијата на вселената и другите светови“.

Фондацијата „Гетвеј“ тогаш ја основаше корпорацијата „Орбитал Асембли“ во 2018 година, за да помогне да се остварат овие соништа.

За време на онлајн презентацијата, вселенската градежна компанија ги откри своите планови за следното поглавје на човековото освојување на вселената.

Тим од искусни ветерани, пилоти, инженери и архитекти на НАСА ја објаснија нивната намера да изградат „вселенски хотел“ во ниска орбита на Земјата, што ќе се ротира околу својата оска доволно брзо за да генерира вештачка гравитација.

Првичната идеја на станицата „Војаџер“ потекнува од концептот замислен од легендарниот научник за ракети Вернер фон Браун, еден од главните оркестратори на програмата на НАСА – „Аполо“.

Тркалезен простор со дијаметар од 200 метри (нешто слично можеше да се види во филмот „Одисеја 2001“), ќе ротира под одреден агол со брзина доволно голема за патниците да имаат чувство на гравитација слично на Месечината.

Доколку се реализира овој проект, „Војаџер“ ќе стане најголемата градба што човекот успеал да ја изгради во вселената, целосно опремена за сместување на 400 луѓе. Градење на „хотелот“ треба да започне околу 2025 година, според тврдењата на претставниците на фондацијата „Getway“.

Внатре во овој блескав прстен ќе има тематски ресторани, салони, кина, концертни сали, барови, библиотека, теретана и спа центар.

На „Војаџер“ ќе бидат склопени 24 интегрирани модули за домување, од кои секој ќе има површина од 20 на 12 метри. Бидејќи ќе има вештачка гравитација, хотелот ќе има функционални тоалети, тушеви и ќе им овозможи на посетителите на разни рекреативни активности на нов начин.


Сепак, пред станицата да може да се ротира, нејзините градители мораат да ја воспостават потребната орбитална инфраструктура, а пред тоа да изградат некои помали модели на Земјата за да го тестираат нивниот план.

За време на презентацијата на проектот, Блинков објасни дека, според сегашниот план, изградбата на ротирачката вселенска станица треба да се одвива етапно.

„Ова ќе биде следната индустриска револуција“, тврди Блинков.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.