Xiaomi вложува 10 милијарди долари во електрични возила. Производителот на паметни телефони Xiaomi е уште една кинеска компанија која влезе во растечката индустрија на електрични возила на најголемиот светски пазар на автомобили. Таа оваа недела најави инвестиција од 10 милијарди долари во секторот на електрични возила во текот на следната деценија.

Xiaomi вложува 10 милијарди долари во електрични возила

Xiaomi -подружница за е- возила

Корпорацијата, која е меѓу најголемите производители на паметни телефони во светот, преку официјални известување до берзата во Хонг Конг информира дека ќе основа подружница за  паметни електрични возила. За таа цел во почетната фаза ќе стартува со инвестиција од 10 милијарди јуани (1,52 милијарди долари) , пренесува AFP.

Во текот на следните 10 години, Xiaomi се обврзува да инвестира вкупно 10 милијарди американски долари.

Според предвидувањата тие очекуваат продажбата на нови електрични возила да зафаќа половина од вкупната продажба на нови возила во Кина до 2035 година.

Глобалните производители на автомобили се надеваат на се поголема електрична иднина, со Кина во прв план како база на купувачи и центар за производство.

Во вторникот, оваа недела Xiaomi соопшти дека нејзиниот извршен директор Lei Jun ќе ја предводи и подружницата со новите електрични возила.

Уникатни предности

Во интерно писмо до вработените, Lei Jun изјави дека Xiaomi има изразени и уникатни предности во производството на автомобили:

  • Паметните електрични возила фундаментално го трансформираа деловниот модел на традиционалната автомобилска индустрија, а Xiaomi има најдлабоко разбирање за деловниот модел на интернет-услуги базиран на хардвер;
  • Xiaomi има најобемно искуство во софтверска и хардверска интеграција и најдлабоко знаење за производство во рамките на интернет-индустријата;
  • Нашата компанија има паметен екосистем кој е најголем според обемот, најразновиден според категоријата производи и најактивен во однос на корисничките врски;
  • Xiaomi има бројни основни технологии што можат да се применат во бизнисот со паметни електрични возила;
  • Располагаме со моќна марка и силна база на корисници, со доверба и поддршка од Mi Fans низ целиот свет;
  • Имаме изобилни готовински ресурси што и овозможуваат на Xiaomi да инвестира со доверба.

И Фолксваген и БМВ ќе произведуваат е- автомобили во Кина

Компанијата е уште една во низата кинески компании кои започнаа со паметна мобилност. Компанијата за пребарување Baidu во јануари годинава влезе во партнерство со производителот на автомобили Zhejiang Geely Holding Group за производство на интелигентни електрични возила.

Кинеските брендови веќе забележаа зголемување на интересот на инвеститорите, а XPeng и Li Auto минатата година јавно излегоа на берзите во САД.

Етаблираните меѓународни играчи во автомобилската индустрија, вклучително и Фолксваген и БМВ, исто така се посветија на својата електрична иднина. Нивни целосно електрични модели ќе се произведуваат во Кина.

Техничкиот гигант неделава отвори нов производствен капацитет во Истанбул, Турција.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.