– Имате уште една недела да испратите ваш предлог дизајн за постер за 11-тото издание на „Здраво млади“, стои во објавата на Младинскиот културен центар.

Во изминатите 10 години, на визуелниот облик на фестивалот имавме чест и задоволство да работиме со исклучително талентирани светски дизајнери на кои сме им неизмерно благодарни, како: Ivan Petrushevski Флим – нашиот вечен арт-директор, Дарко Кујунџиќ – нашата сила од дијаспората, Кристина Горовска од домашниот тим, Ѓорѓи Јаневски од надворешниот тим и фамилијата од fabricca.

Сепак, тежнеејќи кон постојатана промена, „Здраво Млади“ овој пат бараат помош од фанивите…

– Оваа година сакаме да видиме како вие го доживувате „Здраво Млади“. А за да видиме, распишуваме конкурс за секој што сака да аплицира со дизајн, со се што ќе му текне. Мислете, цртајте, пишувајте слогани, глитер, симпл, гредијент, минимал и сите други графички вујаклија термини и праќајте!

„Здраво Млади“ е теренот на кој можете да ги изразите вашите креативни идеи, а притоа да бидете забележани и издвоени како најдобри.

– Ќе наградиме 3 дизајни, од кои првонаградениот ќе биде официјалниот дизајн за „Здраво Млади 11“.

Прва награда 12.000 денари за официјален дизајн на 11. Здраво Млади

Втора награда 5.000 денари за неофицијален дизајн на 11. Здраво Млади

Трета награда 3.000 денари за „добар си“

Сите испратени дизајни ќе бидат изложени за време на 11-тото издание на Здраво Млади, закажано за 26 и 27 август 2021 во/околу МКЦ.

Вашите предлози испратете ги на info@mkc.mk со наслов „и јас сум ЗДРАВО МЛАДИ 2021“ најдоцна до 14 февруари 2021.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.