Зголемување на уделот на Загребска во Македонска берза. Загребската берза во вторникот објави дека планира да го зголеми својот удел во Македонската берза на 15,19 проценти од 5,3 отсто. ЗСЕ планира да купи 276 акции, што претставува 9,89 процентен удел во Берзата, се вели во соопштението од Загребската берза.

Зголемување на уделот на Загребска во Македонска берза

Комисијата за хартии од вредност и Македонска берза, како што стои во соопштението, ја одобриле предложената трансакција. Имено, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија донессе одлука да ѝодобри на Загребската берза натамошна аквизиција на акции на Македонска берза. Купопродажбата на акциите треба да се реализира за помалку од 90 дена по одобрувањето, се вели во соопштението на КХВ. Инаку, покрај на Македонската, Загребсакта берза (ЗСЕ) продолжува да се шири и на другите регионални пазари.

Загребската берза се здоби со удел од 5,3 проценти на македонскиот пазар на капитал на крајот на 2019 година. Регулаторот позитивно ја оцени деталната документација доставена од Загреб и се согласи на понатамошно стекнување акции чиј вкупен кумулативен износ не надминува 20 проценти од вкупно издадени акции со право на глас. Така, Загребската берза има намера да го зголеми сопственичкиот удел на Македонската берза од 5,3 на 15,19 проценти. Односно ќе се  стекне со 276 акции, или 9,89 проценти од акциите на Македонската берза, објави ЗСЕ на нејзината интернет страница. Некои македонски медиуми објавија дека станува збор за откуп на уделот на Еуростандард банка. Меѓутоа до овој момент нема официјално соопштение за тоа кој точно ги продава акциите од Македоснкиот пазар на капитал.

Долгогодишна соработка

Двете берзи соработуваат успешно многу години. Меѓусебно разменуваат знаења и искуства, а интензивно од 2014 година, кога заедно со Бугарската берза беше основана компанијата SEE Link d.o.o. Скопје. Во неа трите берзи делат еднакви сопственички удели.

Соработката дополнително се интензивираше во 2019 година. Момент, кога Македонската берза на хартии од вредност потпиша ексклузивен договор за соработка со хрватската компанија Funderbeam Југоисточна Европа д.о.о. (Funderbeam ЈИЕ). Во оваа компанија  Загребската берза има третина од сопственоста и е дел од естонската фондација Funderbeam, која управува со платформа за финансирање стартапи.

Партнерството со Македонската берза на хартии од вредност на ова поле е едукативно и промотивно. Идејата е да им се презентираат на локалните компании можностите за собирање капитал преку оваа иновативна платформа. Секако со цел понатамошен развој на бизнисот и созревање до фазата на потенцијално котирање на берзата.

Потпишување на договорот за соработка

На почетокот на овој месец, двете берзи потпишаа договор за соработка во областа на едукативните услуги. Целта е да го подобри професионалното знаење и развој на директните и индиректни учесници на македонскиот пазар на капитал преку семинари организирани во рамки на Академијата на Загрепската берза.

„Нашите два пазари се многу блиски. Консолидацијата е природен развој на патот не само за помалите, туку и на глобалните, големи пазари на капитал. Целта е да им се обезбеди на пазарите поголема видливост, а на инвеститорите и компаниите подобра и поекономична услуга. И секако повеќе можности да инвестираме и да собереме капитал. Долги години успешно соработуваме со нашите колеги од Македонија и нашата намера е понатаму да ја продлабочуваме оваа соработка на заедничко задоволство и придобивка на двете економии “, смета Ивана Гажиќ, претседател на Управниот одбор на Загрепската берза.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.