Златен медал за винаријата Сковин група на „Мундус вини“- најпрестижниот вински натпревар.  На 28-от Меѓународен вински натпревар „Мундус Вини” кој се одржа во Германија, во исклучително силна конкуренција, врвниот и уникатен вкус беа пресудни за жирито на овој стручен натпревар да додели Златен медал на виното Марков Манастир, од бербата од 2011 година, кое е дел од Премиум Линијата на вина на Винарија Сковин Група.

Златен медал за винаријата Сковин група на „Мундус вини“

Прво македонско врвно суво црвено вино добиено од селектирано грозје од сортата Вранец, од сопствените насади на Винарија Сковин, во локалитет Маркова Река.

Квалитетот на нашите производи е наш највисок приоритет, а паралелно со тоа посебно внимание се посветува на развојот на компанијата. Винаријата моментално работи на нови квалитетни производи за кои очекуваме да бидат врвни вински амбасадори на нашата земја во светот.

„Мундус Вини” е еден од најпознатите и најценетите вински натпревари. Виното “Марков манастир” го доби златниот медал во конкуренција на повеќе од 10 000 вина на производители од целиот свет, со преку 50 земји учеснички. Квалитетот на пристигнатите вина го оценува меѓународно стручно жири составено од 150 висококвалификувани судии-енолози, вински аналитичари, трговци на вино, сомелиери и новинари што ја следат светската винска индустрија.

Вообичаено е награденото вино на Сковин винарија заедно со  другите победници на „Мундус Вини” да бидат изложени пред посетителите на еден од најголемите вински настани во светот „Провајн” во Дизелдорф, но поради пандемијата на коронавирусот, годинава нема да се одржи.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.