Македонскиот уметник Зоран Попоски во периодот од 18 март до 4 април 2021 година ќе учествува на видеоизложбата „Надвор од рутината“ во рамките на Меѓународниот фестивал за дигитални уметности „Видеоформ 2021“ во Клермонт-Феранд, Франција.

Станува збор за 36-то издание на Меѓународниот фестивал за дигитални уметности кој вклучува изложби, проекции, предавања, дебати и перформанси.

Уште од основањето во 1984 година, Фестивалот се етаблираше како проследувач на најновите трендови во полето на видеоуметноста и дигиталните уметности во Франција и во светот.

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија и во САД, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано над 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.