ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
Рок: 25.10.2020

 

Smart Solutions, информатичка компанија од Скопје, партнер на водечките фирми во областа на информатичките технологии (Dell, Hewlett Packard, Adobe, Microsoft, Symantec, Veritas, Cisco, VMware, Corel, Autodesk, ArchiCAD, Citrix и уште многу други), специјализирана за имплементација и поддршка на комплетни информатички решенија, има потреба од пополнување на следната работната позиција:

Асистент-менаџер за продажба и маркетинг на производите, услугите и решенијата коишто ги нуди компанијата

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

Висока стручна подготовка - диплома од Економски факултет Скопје (насоки Е-бизнис или маркетинг) или Електротехнички факултет Скопје (насока КТИА)/ФЕИТ/ФИНКИ или од друга еквивалентна институција, со или без работно искуство.
Возачка дозвола (Б категорија).
Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик- пишуван и говорен.
Искуство во работа со компјутери - познавање на Microsoft Word, Excel, Power Point и користење на Интернет сервиси.
Изразена комуникативност, одлични презентациски вештини и вештини на преговарање- искуство во подготовка и одржување на презентации ќе се смета за предност.
Дополнителни обуки од областа на менаџмент на маркетинг и продажба ќе се сметаат за предност.
Организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност.
Заинтересираните кандидати треба да испратат пријава со фотографија, кратка биографија на македонски и англиски јазик и копија од документите коишто го потврдуваат исполнувањето на горенаведените услови преку полето АПЛИЦИРАЈ


Почетната плата ќе биде соодветна на завршеното образование, досегашното работно искуство и завршените дополнителни обуки.

Огласот трае 30 дена од денот на објавувањето.

Познавате некого кој би бил одличен за ова работно место?

Проследете му го огласот!

Запознај го работодавачот
СМАРТ СОЛУТИОНС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје