Винаријата „Кокино“ е семеен бизнис кој датира од 90-тите години и се наоѓа во близина на Куманово. Сопственикот на винаријата, Андреј Петковски, на настанот за претприемништво кај младите во рамки на Глобалната недела на претприемачи, раскажа дека идејата за инвестирање во оваа област тргнала од неговиот татко, уште кога Андреј бил студент. Во тоа време, концептот бил замислен да започне со производство на високо квалитетни вина со грзоје кумановскиот регион, кој се одликува со посебни карактеристики и се поразлични од другите региони во државата. Бизнисот започнал со производство на количина од 30 000 шишиња вино. За една декада, ја надминале и бројката од еден милион. А со тоа и очекувањата од производството.

„Винаријата која разработевме имав 21 година. Во договор со татко ми, дали би продолжил да го работам тоа или не. Јас решив дека сакам сам да работам и да се трудам. Наидовме на доста голем проблем во една затворена економија, а тоа е продажба и пласман на тие вина. Нормално, се одлучивме да го бараме патот надвор од Македонија и тоа во регионите на екс Југославија. Успеавме и најдовме пласман. Тоа не’ поттикна да размислуваме и во друга насока. Во самиот склоп на винаријата, изградивме и сместувачки капацитети пред неколку години. Сега во изградба е и ресторан и сала за дегустација. Идејта за сето тоа е додавање на дополнителна вредност на производот што го нудиме“, вели Петковски.  

Петковски вели дека вештината за правење на вино се учи, исто како и вештините за водење на бизнис. После 20 години искуство за водење на своја компанија, ги гледа и предностите и недостатоците. Ако се врати исто толку години наназад, вели дека повторно би започнал бизнис во Куманово, град за кој смета дека има потенцијал. Од денешен аспект, во однос на функционирањето на компанијата, вели дека немаат нивно лично производство на грозје. Соработуваат со фирма во близина која поседува над 100 хектари површина со грозје, која пак во последните години се соочува со недостиг на работна сила, проблем кој е во фаза на надминување.

„Кај нас во винарија, уште на самиот, првите процесни машини беа базичен основен модел. Со текот на времето, скоро целиот профит што го остваруваше комнпанијата, го вложувавме во машини и автоматизација на самото произовдство. Кај нас производството е периодично, септември почнува бербата и се наоѓаат луѓе. Но. после во текот на годината, има флаширање на вина. Тој дел е доста захтевен. Ние тоа го решивме со инвестиции во автоматизација на тој процес“, вели Петковски.  

Според Петковски, фамилијарните бизниси се секогаш пооптимистични и размислуваат позитивно. Односно, она што сакаат да го видат во иднина. Во делот на ресурсите за финансии, вели дека компаниите со подолга историја, кои имаат позитивни резултати во работењето, финансирањето и не е толку голем проблем. Тоа, вели, е проблем за стартапите кои потешко добиваат пари од банките.

Ако некој не почнал нешто, тоа не значи дека нема претприемачки дух во него. Можеби е потиснат. Има луѓе кои имаат потенцијал, ако самата средина негативно влијае кон луѓето да се отворат и резмислуваат, следува неуспех. Во однос на младите, мора да знаеме како размислуваат луѓето од 20 години. Знаеме и дека е доста популарно заминување од државата. Тоа според мене не е точно. Не секогаш финансискиот момент е одлучен, но и не треба да биде. За да започнат младите бизнис мора да вложиш труд и енергија. Ако вложуваш дома, на подолг пат ќе биде поисплатливо. Искрено имаме и ресурси и инфраструктура, но патот е подолг. На крај, бенефитот ќе дојде сам по себе“, заклучува Петковски.  

 

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.