Десетте најпопуларни автомобили во Европа во март 2021 година. Во март, VW Golf го престигна Peugeot 208, кој беше најпродаваниот модел во Европа во текот на февруари. Во текот на третиот  месец од годината, Тесла се најде во топ 10 најбарани модели.

Инаку, јануари и февруари беа прилично лоши кога станува збор за продажба на нови автомобили, бидејќи автомобилската индустрија сè уште се бори со влијанието на пандемијата.

Е- автомобилите бележат раст на пазарот

Според извештајот на JatoDynamcis, во март, бројот на новорегистрирани возила во Европа се зголеми за 63 отсто во споредба со истиот месец во 2020 година, кога, сепак, сè беше затворено. Затоа, и покрај овој раст, побарувачката е сè уште далеку од она што беше во периодот пред пандемијата. Така со продадени 1.374.313 автомобили, ЕУ всушност го забележа вториот најлош резултат од март 2013 година, пренесува „ Autocar “.

Според JatoDynamics и покрај знаците на закрепнување, индустријата се соочува со неколку предизвици, вклучувајќи економски пад, затворање и намалена доверба на купувачите.

Електричните автомобили и SUV моделите продолжуваат да бележат најголем раст на пазарот. Па така во март електричните модели  бележат 16 отсто удел на пазарот, додека лани во тоа време учеството беше само 9,7 проценти.

Пазарот го размрда и големата побарувачка за компактни патнички возила, каде доминираа Peugoet 208, Tesla Model 3 и VW Golf, кој се врати на првото место и повторно е најпродаваниот европски автомобил.

Листата со 10-те најпродавани автомобили

На листата со 10-те најпродавани автомобили во Европа во текот на март 2021 година се  наведени вкупните продажни бројки, како и растот во споредба со истиот период минатата година.

  1. Volkswagen Golf : 26.265 +12 отсто

По падот во февруари, март беше одличен за Голф. Во споредба со минатата година, побарувачката за германскиот бестселер се зголеми за 12 отсто, но во споредба со 2019 година се намали за 43 проценти.

VW Golf GTI Clubsport, Фото: Фолксваген

Новите верзии, како што е  GTI Clubsport, како и R варијантата, дополнително ќе му помогнат на моделот да ја зајакне својата позиција во следните месеци.

 

  1. Peugeot 208: 25.429 + 169 отсто

Последната генерација на 208 започна да се продава во Европа во текот на летото 2019. И благодарение на популарната цена и добро примениот дизајн, таа е во одлична позиција со над 25.000 продажби во март.

Фото: Пежо 208

Во февруари, Peugeot беше на самиот врв, продавајќи дури 2.190 примероци на 208, повеќе отколку што VW продаде Golf автомобили.

 

  1. Opel Corsa: 24.540 + 106 проценти

Сосема новата генерација и посмелиот дизајн придонесоа за популарноста на Corsa, која беше прикажана во 2019 година. И за време на тестирањето, овој модел се покажа како одличен, а платформата ја дели со Peugeot 208.

Во Европа  се регистрирани 24.540 нови Корси, што е значително поголема бројка отколку во март минатата година.

 

  1. Тесла Модел 3: 23,755 + 55 отсто

Model 3 на Tesla се врати на топ 10 листата во март. Побарувачката за предводникот на американскиот бренд во Европа е сè уште голема, така што во текот на март беа регистрирани 23.755 примероци, што е за 55 отсто повеќе од минатата година.

Фото: Промо

Неизвесно е дали Тесла ќе ја задржи добра позиција во наредните месеци поради проблеми со испораката.

 

  1. Toyota Yaris: 23.033 + 91 тсто

Автомобилот на годината во Европа е на петтото место, со вкупно продадени 23.003 примероци во март, што претставува раст од 91 процент во споредба со истиот месец лани.

Фото: Тојота јарис

Се очекува во наредните месеци да забележат уште подобри резултати.

 

  1.  Volkswagen T-Roc: 21,772 + 96 отсто

Карактеристичната мешавина на Volkswagen за добра ергономија и практичност спакувана во кросовер пакет не може да биде грешка во Европа. Со продадени 21.772, VW T-Roc е всушност втор најпродаван кросовер / теренец.

Фото: Volkswagen T-Roc

  1. Citroen C3: 21.426 + 223 проценти

Citroen C3 беше освежен минатата година со мал редизајн. Модел што дефинитивно имаше позитивно влијание врз побарувачката, што е поголема за неверојатни 223 проценти во споредба со минатата година.

Citroen C3

  1. Renault Clio: 21.219 + 59 отсто

Постигнувајќи 59 отсто поголема продажба во споредба со истиот период минатата година, Клио сепак останува еден од лидерите во својата класа. Рено воведе и хибридби верзии, во средината на 2020 година, што позитивно влијаеше и врз продажбата.

Фото: Рено клио

9. Peugeot 2008: 20.960 + 271 отсто

Најпродаваниот кросовер минатиот месец сега се најде на деветото место во генералниот пласман, што е одличен резултат.

Фото: Пежо 2008

Од своето основање, Peugeot 2008 им се допаѓаше на купувачите. Добро се котираше и во март и забележа раст од 271 отсто во споредба со минатата година. Но, треба да се забележи, дека сè беше затворено.

 

  1. Fiat 500: 20.832 + 159 отсто

Малиот градски модел од Италија се најде во топ 10 листата со над 20.000 продадени единици во март. Тоа е зголемување за над 150 отсто во споредба со март 2020 година. Но, ако се спореди со 2019 година, тогаш гледаме пад од 14 отсто.

Fiat 500 hybrid

Сепак, со новите хибридни и електрични верзии сигурно е дека „фиќото “ ќе биде уште побаран модел во наредниот период.

 

Табела со детални резултати за пласман и продажба (вкупни, plug-in хибриди и електрични модели):

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.