ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
Рок: 07.10.2020

Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје, каде ќе можете да ја остварите Вашата визија, креативност, да го примените своето знаење и да изградите успешна кариера, аплицирајте на следниот

                                          О Г Л А С
                                 ЗА РАБОТНО МЕСТО

1 (еден) дипломиран машински инженер за вршење надзор, со следниве,


Неопходни компетенции:
-Високо образование ВСП (Машински факултет со 240 или 300 ЕКТС, предност ќе имаат кандидатите со 300 ЕКТС),
-Со работно искуство од 5 (пет) години,
-Задолжително поседување на А или Б овластување за надзор од КОАИ на Република Северна Македонија,
-Познавање на англиски јазик,
-Работа со компјутери и задолжително познавање на MS Office, Internet и Auto CAD,
-Поседување возачка дозвола Б категорија.
-Работниот однос се заснова на определено време во траење од 12 (дванаесет) месеци, со можност за продолжување.

Конкурентска предност за работната позиција:
-Желба за работа во средина со високи барања,
-Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности, и способност за работа со различни тимови,
-Динамичност, ефективност и ефикасност,
-Флексибилност и адаптибилност,
-Посветеност, мотивираност, иницијативност,
-Развиена способност за одржување на високо ниво на квалитет во работењето,
-Самоиницијативност и подготвеност за учење,
-Решавање на проблеми.


Ние нудиме:
-Можност да сте дел од голема регионална компанија со утврден имиџ во градежништвото,
-Стабилност и можност за развивање,
-Учество во меѓународни проекти,
-Градење на успешна кариера,
-Можност за надградба на професионален план,
-Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа,
-Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата,
-Мотивирачки месечен надоместок и пакет бенефиции.
-Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот.
-Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок).

Потребните документи – мотивационо писмо, СV, диплома, овластувања, потврди и др. да се достават во Архивата на ГИ Македонија АД, ул.Дрезденска бр.52 Скопје или преку полето Аплицирај.

Огласот трае 30 (триесет) дена од неговото објавување.

Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција.

Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 6 (шест) месеци.

Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје води посебна грижа за заштита на лични податоци и за доверливост со Вашата апликација.

Познавате некого кој би бил одличен за ова работно место?

Проследете му го огласот!

Запознај го работодавачот
Градежен институт МАКЕДОНИЈА АД